На денешен ден 21.12.

На денешен ден 1963 година, вооружените кипарски Грци ги започнаа нападите против Турците на Кипар

1548893
На денешен ден 21.12.

 

На денешен ден 1963 година, вооружените кипарски Грци ги започнаа нападите против Турците на Кипар кој настан в историјата беше забележан како на „Крвавиот Божиќ“. Како резултат на нападите што траеја до 1 јануари, животите ги загубија 364 кипарски Турци.

 

1988... Американскиот патнички авион кој патуваше на релација Лондон-Њујорк, експлодираше во близината на градот Локерби во Шкотска. Во несреќата загинаа 270 лица од 21 земја, вклучително и оние на теренот. На крајот на долгогодишна истрага беше утврдено дека бомбата била поставена од страна на  разузнавачката служба на Либија. Либиска влада, на Англија и го предаде либискиот авионски техничар и разузнавач кој ја постави бомбата. Гадафи призна дека неговата земја е виновна за терористичкиот напад, но исто така рече дека тој не немал никаква врска со несреќата. Либиска влада на семејствата на загинатите им плати милијарди долари обесштетување.

 

2017... Нацрт-резолуцијата подготвена од страна на Турција а која беше насочена против одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави во врска со Ерусалим и покрај сите напори на САД, на седницата на Генералното собрание на ООН беше усвоена со 128 гласа „за“ и 9 „против“. 35 земји на гласањето беа воздржани. Со оваа резолуција на ОН, беше докажано дека признавањето на Ерусалим од страна на Трамп за главен град на Израел е спротивна на меѓународното право.

 



Слични вести