Досие анализа на неделата: Се шири судирот помеѓу КДП и ПКК

Тоа што ПКК, во моментот кога Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) се наѓа во економска тешкотија почна да ги поставува на мета (да извршува напади) врз нафтоводите, стана потег којшто ја прелеа чашата.

1547491
Досие анализа на неделата: Се шири судирот помеѓу КДП и ПКК

Терористичката организација ПКК која со операциите на Турција „Шепа-Стапица“ (Pençe-Kapan) е приклештена во северниот дел на Ирак, во последните недели почна да доаѓа наспроти (да води судири) силите на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) и особено со КДП. Додека силите Пешмерги ги земаат под опсада терористичките кампови на ПКК во подрачјето и специјалните сили Пешмерги вршат притисок врз ПКК, постигнатиот договор помеѓу Ербил и Багдад за вадење на ПКК од Синџар, предизвика шок врз терористичката организација. Силите познати како ХПГ лојални на ПКК реализираат директни напади врз силите Пешмерги во Ирак, а ЈПГ како сириски огранок на ПКК ги нападна силите Пешмерги на ирачко-сириската граница. Освен тоа, беа извршени напади врз канцелариите на ЕНСК во Сирија која е блиска со КДП, а некои канцеларии беа запалени.             

Политичките елементи лојални на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) долго време ја толерираа ПКК, во нивното подрачје. Организацијата која е доведена во положба на средство (инструмент) во борбата против ДЕАШ, се истакнуваше и со својата ефективност во североисточниот дел на Сирија. ПКК која секогаш ја користи курдската карта, и во контекст на курдскиот национализам којшто е во подем, речиси си градеше имунитет за себе. И покрај сите притисоци на Турција, Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) отворајќи и одредена сфера на ПКК, не интервенираше. Меѓутоа, случувањата во последните месеци, почнаа да се истакнуваат пред толерирањето (прифаќањето) повеќе на ПКК од аспект на ИКБЈ и особено КДП.

Особено тоа што Турција со прекуграничните операции „Шепа-Стапица“ (Pençe-Kapan ) со секој ден се повеќе почна да цели против ПКК во Ирак и да ѝ нанесува тешки удари на организацијата во пограничните области, ја донесоа само по себе промената на начинотт на делување на ПКК. Организацијата почна да се повлекува уште понајуг кон сферите кадешто всушност е влијателна КДП. Освен тоа, поради ефикасните операции на Турските вооружени сили (ТВС) организацијата почна да ја обвинува КДП за пружање помош на Турција и користејќи многу тежок јазик почна да се заканува.  

Повторно, сметајќи го како голема стратешка закана, постигнатиот договор помеѓу Ербил и Багдад за Синџар фрли контрачекори. Зголемувајќи ги своите закани на ниво на реторика, повремено изврши директни напади и врз Пешмергите. На тој начин мислеше дека КДП ќе фрли чекор назад.

Тоа што ПКК, во моментот кога Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) се наѓа во економска тешкотија почна да ги поставува на мета (да извршува напади) врз нафтоводите, стана потег којшто ја прелеа чашата. Претседателот Нечирван Барзани и премиерот Месрур Барзани почнаа да стануваат поостри во борбата против ПКК и повеќе да делуваат заедно со Турција. Од страна на Пешмергите почнаа да се земаат под опсада терористичките кампови на организацијата во северниот дел на Ирак. Исто така повремено беа поставени на цел терористичките елементи. Често почнаа да се доживуваат судири помеѓу Пешмергите и ПКК.

Челништвото на КЏК/ПКК упатувајќи повици до курдската јавност, ја поставија на цел КДП и реториката постепено се заостри повеќе. Конечно, ги активира и своите елементи во Сирија. Најпрвин, во Хасеке беа поставени на цел, беше отворен оган или беа запалени канцелариите на ЕНСК која е блиска со КДП. Потоа ЈПГ директно изврши напад врз Пешмергите на ирачко-сириската граница Фишхабур.

Сега секој момент може да избувне и да се прошири еден целосно обемен конфликт помеѓу страните. Месрур Барзани во последните дадени изјави земајќи ги за цел не само ПКК/КЏК туку истовремено и сирискиот огранок на организацијата, воедно упати повик и до Соединетите Американски Држави (САД). Стави до знаење дека треба да се скрши влијанието на Кандил во Сирија. Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) конечно ја сфати реалноста на заканата од ПКК. Би можело да се каже дека се гледа крајот на патот во Ирак за организацијата која со прекуграничните операции на Турските вооружени сили (ТВС), изгуби основа и сила, која води судири со КДП и која се наоѓа на прагот да го изгуби Синџар.

 

Коментар на Џан Аџун,истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести