На денешен ден 15.12.

На денешен ден 1893 година, првпат беа прочитани Орхонските натписи

1545579
На денешен ден 15.12.

 

На денешен ден 1893 година, првпат беа прочитани Орхонските натписи. Лингвистот и туркологот Вилхелм Лудвиг, со научниот труд што го претстави на Кралската академија на науките на Данска, на научниот свет му соопшти дека тој ја дешифрира азбуката на Ѓоктурците и дека ги прочитал натписите. На источната страна на натписите, се наоѓа натписот на Билге Каган кој вели: „Бегови на Турците Огузи, народе, слушнете! Се додека не падне небото, се додека не се отвори земјата, кој може да ја урне вашата држава и кој може да ги прекрши вашите закони?

 

1989... Во Романија, започна народното востание, кое резултираше со стрелањето на диктаторот Николај Чаушеску и неговата сопруга Елена на 25 декември. Во инцидентите кои избувнаа првиот ден загинаа 115 лица.

 

1995... Европскиот суд за правда ја објави својата одлука во врска со жалбата поднесена од белгискиот фудбалер Босман. Според одлуката, која во светот на спортот се нарекува „Босманово правило“, беше укинато правилото за ограничување на странски играчи во националните лиги на земјите-членки на ЕУ, под услов префрлениот играч да е граѓанин на ЕУ. На тој начин се отвори патот на фудбалерите кога ќе им истече договорот со клубот, да преминат во друг без да платат надомест за трансфер

 



Слични вести