На денешен ден 11.12.

На денешен ден 1936 година,  кралот на Англија, Едвард 8-ми, се откажа од престолот за да ја продолжи љубовната врска со Волис Симпсон

1543467
На денешен ден 11.12.

 

На денешен ден 1936 година,  кралот на Англија, Едвард 8-ми, се откажа од престолот за да ја продолжи љубовната врска со Волис Симпсон. Кралот Едвард 8-ми, кој со овој чекор фрли еден непредвидлив чекор во името на британската монархија, самот ри месеци пред да ја донесе оваа одлука, ја посети Турција и му беше гостин на претседателот Мустафа Кемал Ататурк.

 

1987... Во Истанбул почина театарската и кино актерка Адиле Нашит, која играше во важни филмови на турската кинематографија како што се „Класот Хабабам“, „Радосни денови“ и „Тосун Паша“,.

 

1994... Руската армија презеде воена интервенција против едностраната одлука за прогласување независност на Чеченија. Русите со поддршка на стотици тенкови, почнаа да ги окупираат градовите, но Чеченците со герилска борба ги запреа руските сили. Првата руско-чеченска војна заврши со Договорот од Хасав-Јурт потпишан на 30 август 1996 година.

 

1999... Турција на Самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ доби статус на земја кандидат за членство. Премиерот Булент Еџевит кој на Самитот во Хелсинки учествуваше последниот ден, со лидерите на ЕУ учествуваше на сликањето за „семејна фотографија“

 



Слични вести