Досие анализа на неделата: Рефлексиите на атентатот врз Фахризаде

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

1539201
Досие анализа на неделата: Рефлексиите на атентатот врз Фахризаде

Блискиот исток во изминативе денови беше потресен со извршениот атентат врз иранскиот научник Мухсин Фахризаде, главниот неимар на иранската нуклеарна програма.

Додека по убиството на иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде се изнесуваат бројни тврдења, сите стрели покажуваат кон Израел. И додека се покажува интересирање за евентуалната реакција на Иран, од посебно значење е тоа што нападот е реализиран пред преземањето на должноста претседател на Соединетите Американски Држави (САД) од страна на Џо Бајден кој е познат по неговата релативно толерантна политика кон Иран.

Кога ќе се вратиме и ќе погледнеме кон поблиската историја, нуклеарните страсти на Иран, освен САД во сериозна смисла ги загрижуваат и Израел и Заливските земји, во регионот. Во име на спречувањето на Иран да се стекне со капацитет на нуклеарно оружје, се повлечени голем број потези. Од една страна заканите на САД со санкции, од друга страна различните иницијативи за саботажа, повремено пак атентатите врз научници. Меѓутоа, за време на мандатот на Обама на оваа политика и беше отворена заграда и се седна на маса со Иран. Страните со поддршка и на САД успеаја да се договорат. Иран, заедно со транспарентноста во врска со неговата нуклеарна програма, ги прифати и различните ограничувања коишто му беа поставени. Меѓутоа, оваа состојба не можеше да ги задоволи ниту Израел, ниту Заливските земји како што е Саудиска Арабија. Го обвинија Иран дека со инструментализирање на нуклеарниот договор ги продолжува своите експанзионистички политики во регионот. Во тој контекст, започнаа сериозни лоби активности и кон Барак Обама, меѓутоа не би можело да се рече дека добија резултат од тоа. Се додека да дојде Доналд Трамп.

Откако Израел и Заливските земји го поттикнаа Трамп со погодни инструменти, новата администрација во Белата куќа тогаш се повлече од нуклеарниот договор и почна да врши политика на максимален притисок и да спроведува мошне тешки санкции. Иран пак, пречекорувајќи ги претходните ограничувања одговори со продолжување на својата нуклеарна програма. Притисоците и напорите на Израел и Саудиска Арабија врз Трамп да реализира воена операција против Иран пак, останаа без резултат.

Сега Трамп ги изгуби изборите и на власт доаѓа Џо Бајден кој располага со сличен приод против Иран со оној за време на мандатот на Обама. Овој развој, и тоа колку многу ги вознемири Израел и Заливскиот блок, во контекст на Иран. Многу ја застрашува оваа коалиција една равенка во која би можеле повторно да започнат нуклеарните преговори и би можеле да бидат укинати тешките санкции против Иран. Ете со овој тајминг е извршен атентатот врз иранскиот научник Мухсин Фахризаде, едниот од неимарите на нуклеарната програма на Иран. Се има за цел да се принуди Иран да одговори, да се зголеми затегнатоста пред мандатот на Бајден, па дури ако е можно да се создаде спирала на конфликт. Иран пак, иако изнесува реторики за одмазда пред јавноста изгледа дека ќе продолжи со она негово „стратешко трпение“. Меѓутоа, наведената коалиција без да го чека одговорот на Иран би можела да повлече и нов потег.

Коментар на Џан Аџун,истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести