На денешен ден 28.11.

На денешен ден 1938 година беше отворен личниот тестамент на Мустафа Кемал Ататурк

1536445
На денешен ден 28.11.

 

На денешен ден 1938 година беше отворен личниот тестамент на основачот и прв претседател на Турција, Мустафа Кемал Ататурк кој умре на 10 ноември. Во тестаментот на Ататурк, пишуваше дека целото свое богатство му го остава на Републиканската народна партија (ЏХП) но под услов да обезбеди финансиска помош и поддршка на Институтот за турски јазик и турска историја.

 

1943... Американскиот претседател Рузвелт, британскиот премиер Черчил и лидерот на СССР Сталин се состанаа во Техеран. На самитот што траеше 3 дена станаа јасни разликите во мислењата меѓу сојузниците по Втората светска војна.

 

1979 година, Папата Јован Павле Втори престојуваше во посета на Турција ... Папата Јован Павле Втори кој истовремено беше и претседател на државата Ватикан, со доаѓањето во Анкара беше првиот папа кој допатува во посета на Турција. Истиот ден по 27 години Папата Бенедикт Шеснаесетти, на покана на претседателот Ахмет Неџдет Сезер допатува во официјална посета на Турција.

 

2002... На 87-годишна возраст во Истанбул умре големиот турски поет Мелих Џевдет Андај, еден од пионерите на движењето „Гарип“.

 

 



Слични вести