На денешен ден 27.11.

На денешен ден 1895-та година, на 71 годишна возраст умре францускиот писател Александр Дума

1535182
На денешен ден 27.11.

 

На денешен ден 1895-та година, на 71 годишна возраст умре францускиот писател Александр Дума кој ги напиша познатите класични романи „Тројцата мускетари“ и „Грофот од Монте Кристо“.

 

1942... Германската војска ја презеде контролата над градот Тулон во кој беше усидрена француската морнарица. Француските морнари со цел бродовите да не преминат во рацете на Германците, ги потопија 73-те бродови кои беа усидрени во пристаништето.

 

1950... Во Кореја започна Битката на Кунури која траеше 4 дена. Турската бригада од 5 илјади војници го спречи целосното уништување на 8-та американска армија која беше обиколена од воените сили на Кина и Северна Кореја и на тој начин беше извојувана Победата на Кунури.

 



Слични вести