Бугарија е на губитничка позиција во врска со Македонија

Автор на програмата е Ремзи Џанова

1534612
Бугарија е на губитничка позиција во врска со Македонија

 

Историјата на Балканот за жал се уште е моќ. И да е уште по жалосно влијанието на историјата во балканските спорови е очигледно, уште поважно, бидејќи таа и денес на некој начин претставува детерминатор во решавањето на споровите особено меѓу балканските земји. Сведоци сме за инструментализацијата на таа историја од страна на политичари и особено историчари кои се повикуваат на тоа дека „им служат на народот и државата“, а не на научната вистина. Погодувате дека поводот е токму историскиот спор кој Бугарија и го наметнува на Република Северна Македонија како услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Бугарското вето за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ доведе до затегнување на односите меѓу официјална Софија и Скопје. Како прв пример за таквата моќ на историјата може да се наведе поранешниот грчки премиер на Грција Константинос Мицотакис кој во 1993 година паѓа од власт затоа што „многу меко“ настапувал во спорот за името со соседна Македонија. Во 2018 година, со Преспанскиот договор, Македонија го менува името во Северна Македонија, а Грција го признава постоењето на македонскиот народ и јазик. Но, сега Бугарија, како да ја презеде “штафетата“од Грција, го продолжува идентитетскиот спор со Скопје. Атакувајќи ги токму јазикот и идентитетот на Македонците, поставувајќи ги како услов за ЕУ, што апсолутно не кореспондира со европските вредности.

Историските истражувања на Балканот покажуваат дека во овој момент, има две спротивставени групи: Едната бара меѓународно признание, а втората им служи на закоравените национални стереотипи. Веднаш треба да се подвлече дека ваквите Бугарски барања кон С. Македонија не му припаѓаат на 21.век. „Бугарија ќе ја повлече заканата за вето само доколку Македонците се подготвени да го преземат бугарскиот историски наратив дека наводно, македонската нација е „вештачка нација“, наспроти бугарската, која во Софија веројатно ја сметаат за дар од Бога, како што иронизираат некои аналитичари од регионот и пошироко, падната од небото или создадена преку осмоза“.

Да потсетам дека својата позиција во ЕУ, официјална Софија, преку нејзината влада испрати еден Меморандум создаден од нејзините државни односно дворски историчари, кој во некои делови е навистина е комичен.

Исто така треба да потсетам дека во тој меморандум се вели: „Македонски јазик или таков народ до 2 август 1944 година не постоеле“. Каков апсурд. Според бугарските дворски историчари се до 1 август 1944 година немало ни македонски народ, ниту македонски јазик, така што пак според Софија, веднаш утредента со одлука на Коминтерната и Тито, но веќе следниот ден се оформила македонска нација и јазик. Повеќе од комично. Она што верните дворски историчари на Софија, со тоа сакаат да го кажат е дека југословенските комунисти од 1944 година систематски промовирале пристап за независен македонски идентитет, односно изградба на нација. Ако Скопје ова не го прифати, како што гласи ставот на  Бугарија (олицетворен во Министерката за Надворешни Работи Екатерина Захариева и Министерот за Одбрана ВМРО’вецот  Каракачанов.) тогаш мора да си бара некое чаре, ама во ЕУ нема да влезе“.

Бугарските барања и негацијата на македонскиот идентитет, во суштина, воопшто не се нови, тие имаат континуитет од најмалку 60 години и формулирани се од страна на комунистичкиот режим на Тодор Живков. Кој за време на своето владеење се обиде да прекрсти и ги однароди околу 2 милиона Турци од Бугарија. Менувајќи им ги имињата, покрстувајќи ги со бугарски и православни имиња. Она што е можеби изненадувачко е фактот дека тие политики со обете раце ги прифатија и најрадикалните антикомунисти во Бугарија по падот на комунизмот.

За европското јавно мислење никако не е јасен и прифатлив бугарскиот спор за македонскиот јазик. Според европското јавно мислење, ако има држава, таа си има и јазик. Ова загледување во македонскиот јазик е губитничка позиција за Бугарија. И на крајот како што вели македонскиот Вицепремиер Никола Димитров: „Ако македонскиот јазик е пречка за почнување на преговори со ЕУ, тогаш Унијата не го заслужува епитетот ‘европска’“.

Автор на програмата е Ремзи Џанова, новинар во Скопје.



Слични вести