На денешен ден 24.11.

На денешен ден 1859 година беше објавен трудот на британскиот научник Дарвин насловен како „За потеклото на видовите“

1533225
На денешен ден 24.11.

 

На денешен ден 1859 година беше објавен трудот на британскиот научник Дарвин насловен како „За потеклото на видовите“ кој предизвика остри дебати меѓу научниот свет и верските институции. Дарвин во својата книга за првпат ја изнесе својата теза „Теорија за еволуцијата“.

 

1928... Во Турција беше објавен законот за основање на „Националните училишта“ (Миллет мектеплери). 24 ноември, денот кога Мустафа Кемал Ататурк го прифати  звањето „Главен учител“, почнувајќи од 1981 година, на 100-та годишнина на одбележувањето на раѓањето на Ататурк, почна да се слави како ден на учителите.

 

1934... Претседателот Гази Мустафа Кемал согласно законот усвоен во Големото национално собрание на Турција го зеде презимето „Ататурк“. Според законот, презимето „Ататурк“ може да се користи само од Гази Мустафа Кемал.

 

2017... Терористите на Ал-Каеда со бомби и пиштоли извршија напад на една џамија во Ел-Ариш во Египет. Во нападот животот го загубија 305 лица, а над 100 лица беа повредени.

 



Слични вести