На денешен ден 23.11.

На денешен ден 1942-та година во Њујорк се одржа премиерно прикажување на филмот „Казабланка“

1531908
На денешен ден 23.11.

 

На денешен ден 1942-та година во Њујорк се одржа премиерно прикажување на филмот „Казабланка“, во режија на Мајкл Куртиз, во која играа Хамфри Богарт и Ингрид Бергман.

 

1946... Избувна војна меѓу Франција и Северен Виетнам. Француската морнарица го бомбардираше северниот виетнамски град Хајфонг. Во нападот загинаа 6.000 виетнамски цивили.

 

1980... Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди регионите Авелино и Базиликата во јужна Италија. Во земјотресот што го погоди дури и градот Неапол загинаа над 3 илјади луѓе, 7 илјади 700 лица беа повредени и 250 илјади лица останаа без покрив над главата.

 



Слични вести