Досие анализа на неделата: Продолжува заканата од ПКК во Сирија

Присуството т.е. постоењето на терористичката организација во Сирија продолжува да претставува закана од аспект на Турција

1530890
Досие анализа на неделата: Продолжува заканата од ПКК во Сирија

Сепаратистичко-терористичката организација ПКК која искористувајќи го хаосот во Сирија повторно се стекна со присуство, постигнувајќи договор со Асадовиот режим на договорен начин ги прогласи своите кантони во Африн, Кобани (Ајн ел Араб) и Џизре, а потоа под изговор односно искористувајќи ја како средство борбата против терористичката организација ДЕАШ се нафати во воен ангажман со Соединетите Американски Држави (САД) и се обиде да формира терористичка државичка на начин со којшто ќе биде во должина на целата јужна граница на Турција. Турција пак, согледувајќи ја оваа закана повлече спречувачки т.е. пресретнувачки потези и првенствено ги реализира прекуграничните операции Еуфратски штит и Маслиново гранче, а потоа и операцијата Извор на мирот со коишто успеа да го намали нивото на заканата во северниот дел на Сирија. Меѓутоа, присуството на терористичката организација ПКК во подрачјето продолжува.

ПЈД и ЈПГ, кои се сириски огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во контекст на Сириските демократски сили (SDF) како покрив во кој се наоѓаат и Арапи, го продолжува своето постоење источно од реката Еуфрат од Ајн ел Араб (Кобани) до Хасеке, на југ во Рака и Деир ез-Зор и на запад во Менбич и Тел Рифат. Во овие наведени области формира административна градба и под покровителство на САД контролира значаен дел и од нафтените и гасните извори на Сирија. Организацијата истовремено во голема мера ги држи во свои раце и пространите земјоделски поседи во подрачјето и изворите на вода коишто ионака се мошне оскудни во земјата. И покрај тоа што Турција со последната реализирана операција Извор на мирот успеа да ги ослободи областите Тел Абјад и Расулајн, терористичката организација се уште де факто продолжува да држи во свои раце простор од приближно 40 илјади квадратни километри.

По реализираната операција Извор на мирот Турција најпрвин постигна договор со САД, а потоа и со Русија по ова прашање. Особено во Сочи постигна значаен меморандум со Русија во кој се наоѓаат ветувања во врска со источниот дел на реката Еуфрат. Според тоа, терористичката организација прифати во Ајн ел Араб (Кобани) да се повлече на 32 километри на југ од областа до линијата Маликије-Фишхабур. Меѓутоа, се гледа дека тоа не е остварено на терен. Освен тоа, терористичката организација искористувајќи ги областите како што се Тел Рифат, Ајн Иса и Тел Тамир постојано реализира терористички напади врз областите под контрола на Турција. Во овие напади коишто во повеќе случаи се реализираат со поставување бомба во возила животот го загубија стотици цивили. Организацијата овде ги поставува на мета, односни цели против стабилноста на ослободените области.

На тој начин, додека присуството т.е. постоењето на терористичката организација во Сирија продолжува да претставува закана од аспект на Турција, се гледа за мошне веројатно да се реализираат и нови операции, доколку организацијата не се повлече на 32 километри на југ од граничната линија. Во оваа состојба, постоењето т.е. присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Сирија под секој услов продолжува да претставува закана ѝ за источниот ѝ за западниот дел на реката Еуфрат.

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести