На денешен ден 10.11.

На денешен ден 1938 година, во 09: 05 часот во палатата Долмабахче во Истанбул, на 57-годишна возраст почина Мустафа Кемал Ататурк

1524961
На денешен ден 10.11.

 

На денешен ден 1938 година, во 09: 05 часот во палатата Долмабахче во Истанбул, на 57-годишна возраст почина Мустафа Кемал Ататурк, лидерот на Турската народноослободителна борба, основачот и прв претседател на Република Турција. Во Турција беше прогласена национална жалост. На 16 ноември, ковчегот на големиот водач Мустафа Кемал Ататурк во големата свечена сала во палатата Долмабахче беше ставен на еден одар покриен со турско знаме. Граѓаните кои последен пат сакаа да го видат големиот лидер и основач на Република Турција, се собраа во палатата Долмабахче.

 

 

1953 година, точно 15 години по неговата смрт, посмртните остатоци на Ататурк беа пренесени во Мавзолејот Аниткабир, чија изградба траеше 9 години. На церемонијата, освен претседателот Џелал Бајар присуствуваа десетици илјади турски граѓани. Голем број државници од странство дојдоа во Анкара за да присуствуваат на величествената церемонија.

 



Слични вести