10 Ноември - Ден на сеќавање на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк... Со почит, љубов и благодарност!

Денес е 10 ноември 2020 година... Денеска се навршуваат 82 години од смртта на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк, основоположникот и прв претседател на Република Турција, на 10 ноември 1938 година

1524723
10 Ноември - Ден на сеќавање на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк... Со почит, љубов и благодарност!

Денеска уште еднаш со љубов и почит се потсетуваме на основоположникот и првиот претседател на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк, на 82. годишнина од неговата смрт на 10 ноември 1938 година.

Мустафа Кемал се истакна со успехот што го постигна на боиштата на битката на Чанаккале т.ј. Дарданелите и откако Османлиската Империја на крајот на Првата светска војна излезе поразена и татковинските територии почнаа да се окупираат од страна на земјите победнички, Тој стана предводник на турскиот народ и ја започна народноослободителната борба.

По постигнатиот успех во оваа борба беше потпишан мировниот договор во Лозана и беше формирана Република Турција, а нејзин прв претседател стана Мустафа Кемал.

Потоа Мустафа Кемал го прими презимето Ататурк, збор кој што значи татко на сите Турци.

Со револуциите кои што ги реализира даде голем придонес во формирањето на едно современо општество.

Денеска, одбележувајќи ја годишнината од смртта на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк уште еднаш со почит, љубов и благодарност се потсетуваме на неговата личност и дело.



Слични вести