На денешен ден 09.11.

На денешен ден 1938 година Нацистичката управа во Германија започна со масовните напади врз Евреите, познати како „Кристална ноќ“

1524194
На денешен ден 09.11.

 

На денешен ден 1938 година Нацистичката управа во Германија започна со масовните напади врз Евреите, познати како „Кристална ноќ“. Во настаните што траеја 2 дена, околу 7 илјади продавници беа ограбени и само во Берлин беа убиени голем број Евреи. Низ цела Германија беа опожарени над 200 синагоги.

 

1993... За време на граѓанската војна во Југославија, Хрватите со артилериски оган го уништија историскиот Мостарски мост. Мостот, кој стана симбол на граѓанската војна, беше изграден во 1566 година, кога Босна и Херцеговина беше под османлиска власт.

Историскиот мост под раководство на Турција во 2004 година беше обновен и повторно пуштен во употреба.

 

2016 Кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп на претседателските избори во САД беше избран за претседател на САД. Доналд Трамп, кој функцијата ја презеде од Барак Обама, стана 45-от претседател на САД.

 



Слични вести