На денешен ден 08.11.

На денешен ден 1793 година во Париз беше отворен светско познатиот музеј Лувр

1523896
На денешен ден 08.11.

 

На денешен ден 1793 година во Париз беше отворен светско познатиот музеј Лувр, кој објект во почетокот на 13 век беше изграден како тврдина.

 

1923... Адолф Хитлер и неговите приврзаници во Баварија во Германија се обидеоа да ја срушат управата, но не успеаа. На крајот на овој обид за пуч кој во германската политичка историја беше забележан како „Пивнички пуч“ Хитлер и неговите приврзаници беа уапсени. За време на престојот во затвор, Хитлер ја напиша книгата „Мојата борба“ (Мајн Кампф) која ја сочинуваше основата на нацизмот.

 

2000... Како резултат на изедналеноста на гласовите на претседателските избори меѓу демократот Ал Гор и републиканецот Џорџ В. Буш во САД, избувна политички хаос во земјата. Бидејќи имаше само 537 гласови разлика помеѓу двајцата кандидати, прашањето беше изнесено на суд. Судот со 5 гласа „за“ и 4 „против“, Џорџ В. Буш го избра за за победник на изборите.

 



Слични вести