Досие анализа на неделата: Ирачките Курди војуваат против терористичката ПКК

Во Северниот дел на Ирак се водат вооружени судири помеѓу сепаратистичко-терористичката организација ПКК и силите Пешмерги и елементите на специјалните сили во склопот на Регионалната курдска управа на Ирак

1522690
Досие анализа на неделата: Ирачките Курди војуваат против терористичката ПКК

Почнаа вооружени судири помеѓу сепаратистичко-терористичката организација ПКК која долго време како го продолжува своето присуство во Северниот дел на Ирак и силите Пешмерги и елементите на специјалните сили во склопот на Регионалната курдска управа на Ирак. Заедно со експанзионистичката политика на ПКК во подрачјето, додека терористичките напади коишто започна да ги реализира и се закануваа стабилноста на курдскиот регион, ефикасно продолжуваат и воените операции на Турција против оваа сепаратистичко-терористичка организација.

Сепаратистичко-терористичката организација ПКК која искористувајќи го хаосот во регионот почнувајќи од Првата заливска војна се стационира во планинските предели во северниот дел на Ирак, овие области ги користеше како база за реализирање на терористички напади во Турција, а со текот на времето почна себе си да се наметнува како алтернативна сила директно и за Регионалната курдска управа на Ирак. Особено додека силите Пешмерги водеа борба против нападите на терористичката организација ДЕАШ, сепаратистичко-терористичката организација ПКК оваа состојба ја претвори во можност и ја презеде контролата во стотици села. Исто така во подрачјето на Синџар под рувото односно на изглед како да води борба против ДЕАШ ја воспостави својата надвласт и овде формира и подтерористички структури составени од Језиди.

Турција пак во овој процес својата борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК пренесувајќи ја преку границата, освен во Сирија почна да реализира ефикасни операции и во Ирак. По операциите за одлучност, и со операциите Шепа или Канџа Стапица, сепаратистичко-терористичката организација особено почна да претрпува тешки загуби на граничниот појас со Турција. Изгуби голем број места. Турската армија ги зеде под контрола ридовите со надвласт над областите коишто сепаратистичко-терористичката организација ПКК ги нарекува „Сфери на медиумска одбрана“ и се стационира овде. На тој начин е обезбедено организацијата да се повлече по на југ.

Додека терористичката организација ПКК во сериозна смисла останува вовлечена во тешка состојба во Ирак, почна да ја обвинува Демократската партија на Курдите (КДП) за доставување на разузнавачки информации и помагање на турската армија. И, оваа состојба само по себе ја донесе и затегнатоста во односите помеѓу двете структури. Конечно, продолжувањето на своето присуство на ПКК како терористички елемент којшто ја нарушува стабилноста во регионот, па дури и следењето на експанзионистичка политика, во голема мера и тоа како им се закануваше на интересите на Ербил. Како резултат на растечките притисоци на Турција, силите Пешмерги стапија во акција и почнаа да ја приклештуваат сепаратистичко-терористичката организација ПКК во многу точки. На распоредувањето на силите Пешмерги и специјалните сили Зеравани во области како што се Зини Верте и Гара, сепаратистичко-терористичката организација ПКК даде остар одговор и почна да реализира директни напади. Исто така почна да реализира напади врз нафтоводите како главна артерија на Патриотската унија на Курдите на Ирак (ИКЈБ).

Во точката до којашто е дојдено се гледа дека една по една се потврдуваат тезите на Турција во северниот дел на Ирак. Турција го изнесуваше тоа дека присуството на терористичката ПКК во регионот не само за Анкара претставува елемент на директна закана и нестабилност и за Ербил. Сега Владата во Ербил со секој поминат ден е приморена да се соочи уште повеќе со вистината за ПКК. Во еден ваков период кога се започнати судирите, се зголемува и веројатноста силите Пешмерги заедно со турската армија да реализираат обемна воена операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Коментар на Џан Аџун,истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести