На денешен ден 04.11.

На денешен ден 1909 година свечено беше отворена железничката станица Хајдарпаша во Истанбул

1521252
На денешен ден 04.11.

 

На денешен ден 1909 година свечено беше отворена железничката станица Хајдарпаша во Истанбул која беше изградена во рамките на железничката пруга Истанбул-Багдад чија изградба траеше  9 години. План на зградата на станицата беше нацртана од страна на германските архитекти Ото Ритер и Хелмут Куно и беше наречена „Порта на Азија“.

 

1922 година, британскиот археолог Хауард Картер и неговиот тим го открија гробот на фараонот Тутанкамон. Откривањето на гробот на младиот фараон кој почина во 1323 година п.н.е. пред да биде ограбен, претставува напредок во историјата на археологијата. Златната маска на Тутанкамон со останатите историски артефакти, со исклучок на мумијата се изложени во музејот во Каиро.

 

1979... По иранската револуција во 1979 година, про-хомеинските млади ја окупираа американската амбасада во Техеран и зедоа во заложништво 52 лица. Овој настан беше почеток на заложничката криза помеѓу САД и Иран која траеше 444 дена. Администрацијата на САД, за да ги спаси заложниците реализираше операција, во која загинаа 8 американски војници и 1 рански цивил поради што но операцијата заврши неуспешно.

 

2008...  За прв пат во САД, за претседател на државата беше избран еден црномурест граѓанин. Демократскиот кандидат Барак Хусеин Обама ги освои претседателските избори и стана 44-от претседател на Соединетите Американски Држави.

 



Слични вести