На денешен ден 29.10.

На денешен ден 1923 година Големото национално собрание на Турција објави дека политичкиот режим на новата држава ќе биде „РЕПУБЛИКА“

1517967
На денешен ден 29.10.

 

На денешен ден 1923 година Големото национално собрание на Турција, на историската седница на светот му објави дека политичкиот режим на новата држава формирана по Војната за независност ќе биде „РЕПУБЛИКА“. Со уставната измена што беше извршена се формираше „РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА“. Со прогласувањето на Републиката, Мустафа Кемал Ататурк, претседателот на Големото национално собрание на Турција беше избран за прв претседател на Република Турција.

 

1929...  Светот за прв пат се запозна со една светска економска криза. Сите акции на Њујоршката берза ја изгубија сета своја вредност, поради што берзата пропадна. Започна периодот на „Големата економска депресија“ којшто најпрвин ја погоди САД, а потоа и другите европски земји.

 

2013... Беше отворен новиот приградски систем на возови и првото патување беше остварено од Усќудар до Јеникапи.

 



Слични вести