На денешен ден 27.10.

На денешен ден 1922 година Фашистичките паравоени сили (Црни кошули) предводени од Бенито Мусолини во Италија маршираа од Неапол до Рим

1516456
На денешен ден 27.10.

 

На денешен ден 1922 година Фашистичките паравоени сили (Црни кошули) предводени од Бенито Мусолини во Италија маршираа од Неапол до Рим. 2 дена подоцна „Црните кошули“ кои пристигнаа во Рим ја соборија коалициската влада и ја презедоа власта.

 

1991... Туркменистан ја прогласи својата независност од Советскиот Сојуз и на изборите Сапармурат Туркменбаши беше избран за прв претседател.

 

2005... По смртта на две муслимански деца со северноафриканско потекло во Париз започнаа жестоки насилства. Во настаните коишто распространија низ целата земја беа опожарени над 300 згради и 10 илјади автомобили. Во 3-неделните судири во приградските населби беа повредени 130 лица.

 

2017... Саудиска Арабија на роботот Софија кој беше произведен во Хонг Конг и дизајниран да им помогне на старите лица, му даде државјанство. Софија, беше првиот робот кој се стекна со државјанство.

 

 

 



Слични вести