На денешен ден 23.10.

На денешен ден 1956 година во Унгарија започна бунт против советската окупација и хегемонија

1514381
На денешен ден 23.10.

 

На денешен ден 1956 година во Унгарија започна бунт против советската окупација и хегемонија. На протестите и демонстрациите што се проширија ширум целата земја беше изнесено барањето за протерување на советските војници од земјата. Врз база на овие случувања Советскиот Сојуз донесе одлука за окупација на Унгарија и Црвената армија изврши опсада на Будимпешта. Унгарскиот премиер Имре Наги од ОН побара помош против Светскиот Сојуз, но за жал не ја доби очекваната подршка. Новата влада на Унгарија која беше формирана од страна на Советскиот Сојуз го обесија премиерот Имре Наги и уште 300 високи држави раководители. На комеморативната манифестација што се одржа во 1989 година во чест и помен на премиерот Наги кој беше убиен, учествуваа над 100 илјади граѓани и Унгарија му ја врати репутацијата.

 

1983... Врз американските и француските мировни сили во Бејрут беше извршен самоубиствен напад со камион натоварен со експлозив. Во нападот загинаа 241 американски маринец и 58 француски војници.

 

2011... Во Ван беа доживеани два најсилни земјотреси во историјата на Република Турција. Првиот со јачина од 6,7 степени беше доживеан на денешен ден, додека вториот со јачина од 7,2 степени по Рихтеровата скала беше доживеан 18 дена по првиот. Во двата земјотреси загинаа 644, а над 4 илјади лица беа повредени.

 



Слични вести