На денешен ден 22.10.

На денешен ден 1962 година започна Кубанската ракетна криза

1513795
На денешен ден 22.10.

 

На денешен ден 1962 започна Кубанската ракетна криза. Американскиот претседател Џон Кенеди официјално соопшти дека на Куба се наоѓаат советски ракети поради што САД донесе одлука за спроведување санкции врз управата на Фидел Кастро на Куба. Американската флота Куба ја зеде под блокада. Светот првпат се соочи со сериозна закана од нуклеарна војна.

 

1975... Aмбасадорoт нa РТ во Виена Даниш Туналигил беше убиен oд страна на тројца ерменски терористи.

 

1983... На истовремените демонстрации  во Сојузна Германија и Франција против нуклеарното оружје учествуваа над 1,5 милион луѓе. Демонстрантите бараа да се укине нуклеарното оружје и да се затворат нуклеарните централи.

 



Слични вести