На денешен ден 21.10.

На денешен ден 1520 Магелан, го откри морскиот теснец на југот на Јужна Америка што ги поврзува Атлантскиот и Тихи Океан

1513130
На денешен ден 21.10.

 

На денешен ден 1520 година, морепловецот Магелан, го откри морскиот теснец на југот на Јужна Америка што ги поврзува Атлантскиот и Тихи Океан, а кој денес се нарекува по неговот име.

 

1805... Британската флота под команда на адмиралот Хорацио Нелсон, на поморската Битка кај Трафалгар ја порази Обединетата француско-шпанска морнарица. Во битката загина и адмиралот Нелсон.

 

1985... Беше објавена книга „На дното“ (Ganz Unten) на германскиот новинар и писател Гинтер Валраф кој живееше со идентитет како еден турски работник и која содржеше остро критики за расистичкиот приод на Германците кон Турците.

 



Слични вести