Досие анализа на неделата: Политиката на Турција кон Русија

Обидот за пуч на 15 јули 2016 година, само по себе ги донесе и коренитите ревидирања во надворешно-политичките приоди на Анкара

1510286
Досие анализа на неделата: Политиката на Турција кон Русија

Русија, како поради нејзината географска местоположба, така и со нејзината воена и економска сила, отсекогаш била значајна земја од аспект на Турција. Кога ќе погледнеме кон поблиската историја тоа што Турција зазела место во западниот блок и во контекст на присутната политика на Русија кон регионот во равенката на студената војна, станува збор за приод на една конкуренција и борба. Меѓутоа, се гледа дека особено по власта на АК Партијата и иницијативата за пуч на 15 јули е променатаповрзаната политика. Турција своите односи со Русија ги позиционира како фактор на рамнотежа (баланс) кон западниот блок и Кина во подем.

Обидот за пуч на 15 јули 2016 година, само по себе ги донесе и коренитите ревидирања во надворешно-политичките приоди на Анкара. Всушност, кога ќе погледнеме кон последните неколку години; приодот кон Израел, настаните од паркот Гези, дадената надворешна поддршка на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и политиката кон Сирија, влијаеше негативно на врската на Турција со западниот свет. Овде се гледа дека од страна на западниот свет не може да се поднесе една претенциозна Турција која е во подем во економско-политичка и воена смисла и која е понезависна, а воедно своите интереси ги поставува во центарот. Во тој контекст, во период кога почнаа да се затегнуваат односите, директната или затскриена дадена поддршка на обидот за пуч на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО стана причина Турција да влезе во потрага по рамнотежа (баланс) во надворешната политика. Потоа, е согледано дека заедно со Кина и Русија, како значајна земја, почнаа да заземаат силно место во мрежата на односите на Турција. Освен партнерството коешто продолжува во Сирија во контекст на процесот од Астана, Либија и преговорите коишто се водат во другите конфликтни области, значајни наслови станаа и односите коишто продолжуваат во одбранбената индустрија и нуклеарната енергија. На основа на врската којашто ја формираа двете земји, има значење и на заеднички одговор на видот на делување формиран со инструментализирањето на грубата, еднострана политика на санкционирање на Соединетите Американски Држави (САД).

Секако, не е можно да се говори за се уште една целосна врска со сојузништво или стратешко партнерство помеѓу двете земји. Во прашање се и интересите коишто се косат во Сирија и во Либија. Погледот на Русија кон „Курдското прашање“ буди сериозни грижи во Анкара. Меѓутоа, и покрај сиве овие предизвици заканата којашто доаѓа од западниот свет ги приморуваат двете земји да делуваат заедно. Новата создадена мрежа на врски со Русија и Кина, од аспект на Турција, не може да се прочита како поместување на една целосно алтернативна оска, повеќе во конјуктурна смисла треба да се согледа како потрагана Турција по една нова рамнотежа (еден нов баланс) којашто воспоставувајќи ја рамнотежата запад-исток ќе ги максимализира своите сопствени интереси.

Коментар на Џан Аџун,истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести