На денешен ден, 14 октомври

На денешен ден 1968 година, американскиот спортист Џим Хајнс на Олимпијадата во Мексико сити беше првиот спортист кој на трката на 100 метри трчаше под 10 секунди, односно патеката од 100 метри ја истрча за 9 секунди 95 стотинки

1508401
На денешен ден, 14 октомври

... На денешен ден  1933 година, Адолф Хитлер соопшти дека нема да учествува на Светската конференција за разоружување во Женева и дека Германија ќе го напушти Друштвото на народите. 

                        

... На денешен ден 1947 година, американскиот тест пилот Чарлс Елвуд  „Чак“ Јегер беше првиот човек кој ја надмина звучната бариера при тестирање на авионот Bell X-1 зајакнат со ракети.

... На денешен ден 1968 година, американскиот спортист Џим Хајнс на Олимпијадата во Мексико сити беше првиот спортист кој на трката на 100 метри трчаше под 10 секунди, односно патеката од 100 метри ја истрча за 9 секунди 95 стотинки. Овој рекорд не можеше да се собори до 1983 година.



Слични вести