Досие анализа на неделата: Тврдата сила и Турција

Тоа што Турција презентира јасен став покрај Азербејџан и со обезбедената воена опрема текот на војната го обликува во полза на азербејџанската армија, повторно го зајакна фактот дека Турција е сила во подем со своите елементи на тврда сила

1507692
Досие анализа на неделата: Тврдата сила и Турција

Азербејџанско-ерменските судири коишто во последно време почнаа често да се повторуваат овојпат ја зголемија својата димензија и речиси се претворија во војна помеѓу двете земји. Тоа што Турција презентира јасен став покрај Азербејџан и со обезбедената воена опрема текот на војната го обликува во полза на азербејџанската армија, повторно го зајакна фактот дека Турција е сила во подем со своите елементи на тврда сила.

Турција во последните 10 години постигна извонреден напредок во одбранбената индустрија и особено по обидот за пуч во 2016 година, беа наново дијазнирани и безбедносната бирократија и турската армија. Анкара веќе е воена сила којашто никој не може да ја порекне, да ја смета за непостоечка.  Додека Турција во регионот во кој се наоѓа се сметаше за скромна сила, со доаѓањето на власт на АК Партијата на почетокот на 2000-тата година, станавме сведок на една етапна, чекор по чекор промена. Првенствено, додека во западниот свет преовладуваа потрагите за преобразување во попретенциозна сила со елементите на мека сила во политички, економски и културен контекст, новата конјуктура формирана од страна на Арапската пролет, го промени целосно начинот на дејствување и на Турција.

Тоа што западниот свет не може да ја прифати нова Турција, резултира со доведување на власта на АК Партијата во положба на цел. Потоа, Турција на 15 јули 2016 година стана сведок на обид за пуч. Во оваа фаза, Турција во своите глобални политички ангажмани излезе целосно од влијанието на Западот, поставувајќи се себе си во центарот се обиде да изгради политика за балансирање (урамнотежување) на западните земји со земјите како Русија и Кина. И додека во макро контекст беа фрлани овие чекори повеќе од мека сила, инвестирајќи во сериозна смисла во елементите на тврдата сила, се преобрази во значајна воена сила.

Турција со своите реализирани инвестирања во одбранбената индустрија, како и со своите влијателни студии за истражување и развивање од воен аспект, стана една од водечките земји во светот. Особено во сферата на беспилотните летала (ИХА) и наоружаните беспилотни летала (СИХА), по САД стана највлијателна земја. Турција, во почетокот на 2000-дитите години 80 отсто од своите потреби од воена опрема ги обезбедуваше однадвор по пат на увоз, додека овој процент денеска опадна на околу 20 отсто. Освен тоа, Турција набрзина се искачи во лигата на земјите големи извозници, во сферата на одбранбената индустрија.

Турција не се задоволи ниту само со инвестирање во одбранбената индустрија, така да покажувајќи политичка волја особено по обидот за пуч целосно наново ја дизајнира својата безбедносна бирократија. Додека формира влијателна (ефикасна) и професионална армија, Националната разузнавачка служба (МИТ) се претвори во најефикасно разузнавачко структуирање во регионот. Турција неколку години како, присвојувајќи една нова безбедносна доктрина не се воздржа од искористување на својата воена сила во својата сопствена географија во сферите (просторите) на директен судир. Реализира обемни прекугранични операции и разузнавачки операции чија цел беа терористичките организации ПКК и ДЕАШ во Сирија и во Ирак, а истовремено ги поддржуваше и силите на легитимно признатата Влада на национално единство во Либија и успеа да го промени текот на војната. Успеа да ги елиминира и обидите за окупација на Катар. Повторно, во последно време искористувајќи ја ефикасно својата флота во енергетската геополитика во Источниот Медитеран, се појави како значаен актер по ова прашање во овој регион. Конечно, во азербејџанско-ерменската војна Турција поддршката која што претходно ја даваше на азербејџанската армија со нејзино воено обучување ја унапреди до уште понапреден степен, така да со обезбедените наоружани беспилотни летала (СИХА)   успеа војната да ја обликува во полза на азербејџанските сили.

Додека степенот до којшто дојде Турција од аспект на сиве овие воени потези и технологија се следи од близу од страна на другите држави, заедно со храбрите и непоколебливи потези на турската политичка волја под лидерство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Турција се издигнува како голема сила којашто ги надминува нејзините сопствени граници.

Тоа беше коментарот на Џан Аџун,истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести