Досие анализа на неделата: Либиската криза и решението

По одржаните состаноци за дијалог во Мароко и Монтре, добија основа намерата и реториките за преструктуирање на Претседателскиот совет на Либија, што пак доведе до раздвиженост на различни динамики

1498942
Досие анализа на неделата: Либиската криза и решението

Случувањата во последниот период во Либија коишто од воена основа се пренесени на политичка арена, доведоа до раздвиженост на различни динамики. По одржаните состаноци за дијалог во Мароко и Монтре, добија основа намерата и реториките за преструктуирање на Претседателскиот совет. Затоа паралелно со внатрешно-политичката затегнатост до којашто доведоа демонстрациите на народот во Триполи и Бенгази, премиерот на Владата на национално единство Сараџ и таканаречниот премиер на Хафтар, Тини, најавија повлекување од должност. Со изјавата на Сараџ дека во октомври ќе ја предаде премиерската должност, уште од сега се наговестуваат новата структура на Претседателскиот совет и лизгавата политичка основа, како и новите тензии.

Речиси сигурно изгледа дека би можело да дојде до интензивирање во обидите на државите кои го поддржуваат Хафтар да ги донесат своите приврзаници во критични позиции во државните институции. Една ваква слика, природно ќе доведе до раздвижување за наоѓање на надворешна поддршка на лицата и групите во Либија кои се во потрага да создадат политичка иднина за самите себе. Затоа, социјалната и политичка структура на Либија којашто се потпира на конкуренција, би можела да биде подложена на нови коалиции или распаѓања.

Во однос на политичкото решение; одржаните разговори во Мароко помеѓу претседателот на Високиот државен совет Халид Мешри и претседателот на Претставничкото собрание Акила Салих, се гледаат како детерминирачки во ставањето крај на кризата во Либија. И покрај тоа што не е дадена одредена конкретна изјава, привлече внимание тоа што во текот на неделата Мешри оствари разговори во Анкара, а Хафтар и Салих во Каиро. Освен тоа, Сиси се соочува со тешкотии да ги држи на исто место Хафтар и Салих за кои се знае дека не располагаат со баш добри меѓусебни односи. Разговорите од Монтре пак, коишто се познати по името „Либиски дијалог“, се појавија како поконкретен развој. Започнувањето на политичкиот процес и преструктуирањето на Претседателскиот совет, се прогласени како компромисен наслов. Впрочем, ѝ Сараџ својот дискурс за политичка промена го изнесе, по ова соопштение.

Како што може да се види, либиската политика почна доста да врие. Со покачување на политичката атмосфера, почнаа и тоа како да се чувствуваат реториките и усмерувањата на терен диктирани од страна на државите кои сакаат да го земат под своја контрола либискиот терен. Впрочем, и разговорите коишто ги водат Турција и Русија за Либија ги загрижуваат другите држави. Во контекст на тајмингот внимание привлекоа и изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој најави „комрпомис со Турција“ во текот на оваа недела. Бидејќи, двете земји имаат една заедничка карактеристика: Нивното воено присуство во Либија.

Заедничкото барање на двојката Хафтар-Салих и државите нивни поддржувачи, во однос на политичката иднина на Либија, е да се стави крај на присуството на Русија и Турција во Либија. Впрочем, во изјавите на Командата на САД во Африка (АФРИКОМ) на јасен начин се наидува на реакцијата на САД против руското присуство. Се гледа силна тенденцијата, САД во ист кош со Русите да ја стават и Турција. Освен тоа, надвор од воените и политичките грижи внимание привлекуваат и иницијативите на САД со економска димензија. На пример, Соединетите Американски Држави (САД) сакаат нафтените приходи на Либија да ги стават под контрола во една американска банка. Имаат намера, со посредство на една американска компанија да ги контролираат сметките на Централната банка и да доминираат со финансискиот сектор. Освен тоа, реформата на безбедносниот сектор на Либија со предавање на тендерот на американската компанија по име „Џонс“ (Jones), сакаат да извезуваат одбранбени производи. Од друга страна, САД за да би ги реализираат овие свои пресметки, всушност неминовно треба да одат на соработката со Турција.

Заедно со Соединетите Американски Држави (САД) се согледува дека и Германија ги зголемува своите политички иницијативи кај либиските актери, покрај меѓународната заедница. Германскиот амбасадор во Триполи Оливер Овча, во текот на неделата, од една страна ги посети либиските министри, а од друга страна либиските институции. На дневен ред беа да и се покаже патот на Либија за подобрување на инфраструктурата. Меѓутоа, на уочлив начин се подразбира дека целта на овие контакти е да се подготви трговската средина по политичкото решение.

Паралелно со разговорите коишто се одржуваат помеѓу Русија и Турција, значајно е да се преземе иницијативата во Либија. За тоа треба, ѝ да се обликува либиската политика, ѝ да се турнат другите држави од теренот. Во тие рамки, како одговор на турско-рускиот компромис се планира на иницијатива на Соединетите Американски Држави (САД) и Германија да се свика Втора Берлинска конференција.

Актерите кои на конференцијата постојано ја повторуваат реториката за компромис и политичко решение, би можеле да бидат турнати да го прифатат решението коешто се диктира. Во тие рамки, станува збор да остане бесмислен либискиот дел од разговорите коишто се водат помеѓу Русија и Турција. Впрочем, на конференцијата особено од страна на Американците би можело да се изнесе барањето за повлекување на странските милициски сили од Либија. Воедно и трансформацијата во внатрешно-политичките рамнотежи ќе влијаат на селектирањата на Либија, на резултатите од оваа конференција. Со други зборови кажано, паралелно со одлуките коишто ќе бидат донесени на Втората Берлинска конференција, се гледа веројатно да дојде до формирање на секвенција-низа на еден нов сојуз меѓу инволвираните држави во Либија. Би можело да се очекува либиската политика, ѝ да влијае на оваа секвенција, ѝ да се обиде да ја искористи оваа веројатна секвенција, односно низа.

Коментар на доц. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)...



Слични вести