На денешен ден 22.09.

На денешен ден 1980 година започна иранско-ирачката војна

1495816
На денешен ден 22.09.

 

На денешен ден 1980 година, Ирак по објавувањето војна на Иран и бомбардирањето на 7 аеродроми на Иран вклучувајќи го и аеродромот Мехрабад во Техеран, започна иранско-ирачката војна. Во 8 годишната војна загинаа над еден милион лица.

 

1985... Француската влада призна дека бродот „Реинбоу Вариор“ на организацијата „Гринпис“ кој потона во пристаништето Окланд во Нов Зеланд на 10 јули 1985 година, беше потопен од страна на агентите на француската тајна служба.

 

1993... Музејот Метрополитан во Њујорк соопшти дека Каруновото богатство кое по незаконски патишта беше прошверцувано од Турција ќе и го врати на Турција. Турција од 1987 година водеше битка за екстрадиција на богатството. Каруновото богатство кое се состои од 432 експонати, три дена подоцна беше донесено во Турција.

 

 



Слични вести