На денешен ден 20.09.

На денешен ден 622 година божјиот пратеник Хазрети Мухамед и Хазрети Ебу Бекир од Мека се преселија во Медина

1503316
На денешен ден 20.09.

 

На денешен ден 622 година божјиот пратеник Хазрети Мухамед и Хазрети Ебу Бекир од Мека се преселија во Медина. За време на патувањето (хиџретот) кое започна на 9-ти септември, Хазрети Мухамед беше изложен на низа смртоносни закани и пристигна во Куба, на 1 час од Медина. По 4 дневниот престој во Куба, Хазрети Мухамед на 24 септември, петок влезе во Медина.

   

 

1951... На покана на Атлантскиот совет, Турција се приклучи кон НАТО.

  

 

1984... Во самоубиствениот бомбашки напад на Амбасадата на САД во Бејрут загинаа 23 лица од кои двајца беа Американци. Меѓу 60-те повредени лица се наоѓаа и амбасадорите на САД и Британија.

   

 

1988... Турскиот дигач на тегови Наим Сулејманоглу на Олимписките игри во Сеул собори 6 светски рекорди во кревање тегови.

 



Слични вести