Нова геополитичка борба во Источниот Медитеран

Анализа на доцент д-р Мурат Јешилташ, директор на одделот за безбедносни истражувања при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА) Случувањата во источниот Медитеран во последните неколку недели обезбедија појасна слика за ге

1488513
Нова геополитичка борба во Источниот Медитеран

Анализа 37-2020

 

Нова геополитичка борба во Источниот Медитеран

 

Анализа на доцент д-р Мурат Јешилташ, директор на одделот за безбедносни истражувања при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)

 

Случувањата во Источниот Медитеран во последните неколку недели обезбедија појасна слика за геополитичката борба во регион кој се состои од Блискиот Исток и Северна Африка (МЕНА). Нема сомнение дека овој регион, кој може да се дефинира како регион на супер геополитичка борба, во претстојниот период ќе биде еден од регионите во кои ќе се доживее мултиактерската конкуренција.

Развојот на случувањата во Источниот Медитеран ќе продолжи како продолжение на геополитичката конкуренција на Блискиот Исток. Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) како природни сојузници на Египет и Израел во регионот Левант, исто така се вклучија во конкуренцијата во Медитеранот. Главната цел на овој фронт е опкружување и ограничување на Турција. Гледнао од тој аспект, наведените земји формираа нов сојуз со Грција и Кипарско-грчката управа. Како конкретен пример за тоа може да се изнесе неодамнешната вежба на ОАЕ и Грција.

Главна цел на овој блок е опкружување и ограничување на Турција. Опкружувањето подразбира спроведување политики од страна на антигеополитички блок против Турција кои ќе го стеснат опсегот на движење на Турција. Ограничувањето може да се дефинира како обид за урамнотежување односно балансирање на воената моќ и минимализирање на военото влијание на Турција.

Еден од елементите на опкружувањето е формирање меѓународна колаиција со цел да се балансира Турција. Гледано од тој аспект, Турција во грчките медиуми се прикажува и споредува со Советскиот Сојуз од периодот на Студената војна. Втората етапа на опкружувањето се состои од геополитичка и гео-економска борба во медитерански размери. Затоа може да се каже дека главниот извор на незадоволството на наведените земји од потезите на Турција со Либија и Средоземното Море се токму тие.

Во сојузот создаден со цел да се опкружи Турција, Грција има улога на главен овен, додека Франција се појавува како актер што се обидува да најде свое место со агресивни чекори. Обидот на Макрон исто така треба да се сфати како чекор во насока да најде ново место во Левант. Франција сака да ја пополни празнината на Европа со воспоставување на својата стара моќ и поаѓајќи од таа точка да постигне ново позиционирање против Германија.

Грција, пак, дејствува од многу едноставни причини. Ако ги оставиме настрана целите на „идеолошката“ хеленистичка стратегија во чиј фокус е сместена Турција, Грција за да не остане сама наспроти Турција, себеси се пазарува како дел од мултилатералната коалиција. Тоа е и причината поради што постојано им намигнува на САД, Израел, ОАЕ, Египет, Франција и Саудиска Арабија. Бидејќи кошмарното сценарио со кое што може да се соочи во случај да остане само наспроти Турција, може да предизвика повторно појавување на длабоките стравови на Грција.

Стратегијата за ограничување пак содржи воени елементи. Во таа смисла, многу јасна е иницијативата за одбранбена соработка меѓу САД и Грција која има за цел да воспостави воена рамнотежа. Во овој контекст, корисно е да се наведат чекорите коишто САД ги презеде во последниот период. Проширувањето и модернизација на воената база „Соуда“ на Крит, обновувањето на аеродромот во Лариса, зголемување на капацитетот на воздухопловната база „Стефановикеио“ и модернизацијата на пристаништето во Дедеагач (Александрополис) се меѓу најважните од овие чекори. Од друга страна, САД со сигнализирање за испораката на авионите од типот Ф-35 на Грција како и податокот дека Грција се подготвува да купи 18 (од кои 8 грантови) борбени авиони од типот Рафале, се само некои од потезите на Грција насочени за балансирање на Турција.

Од друга страна, на списокот треба да се додаде и соопштението на администрацијата на Вашингтон во кое беше истакнато дека го укина ембаргото за оружје врз Кипарско-грчката управа. Гледано од овој аспект пак, моментално не се очекува САД веднаш да и обезбеди тешко оружје на Кипарско-грчката управа. Впрочем, еден ваков потег, може да предизвика губење на Турција и спроведување на алтернативите на Турција во врска со Кипар коишто произлегуваат од меѓународните договори. Корисно ќе биде да се потсетиме на кризата од 1997 година. Имено кога грчката влада се обиде да купи противвоздушни ракети С-300 од Русија, како последица на блокадата којашто ја презеде Турција и адутот за интервенција, Кипарско-грчката управа беше принудена ракетите да и ги даде на Грција.

Опкружувањето и ограничувањето Турција моментално е политички проект. Реализацијата на проектот најголема штета ќе му нанесе на НАТО. Затоа Источниот Медитеран сега стана една од најважните тест области. Отсега па натаму, Источниот Медитеран ќе биде сцена на чести геополитички, геоекономски и воени тензии. Во оваа напнатост, ќе победи решителниот и трпеливиот.

Автор на програмата е доцент д-р Мурат Јешилташ, директор на одделот за безбедносни истражувања при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА).



Слични вести