На денешен ден 09.09.

На денешен ден 1922 година, по победата на Големата офанзива и Битката кај Думлупанар, турската армија влезе во окупираниот Измир

1487445
На денешен ден 09.09.

 

На денешен ден 1922 година, по победата на Големата офанзива и Битката кај Думлупанар, турската армија влезе во окупираниот Измир. Со ослободувањето на Измир, во Анадолија не остана ниту еден грчки војник.

 

1976... На 83 годишна возраст умре Мао Це Тунг, основачот на Народна Република Кина. По смртта на Мао, во Комунистичката партија се водеше борба за превласт. Битката ја доби Денг Кјаопинг, лидерот на реформаторите.

 

1982... Од страна на ерменските терористи беше убиен административниот аташе во Конзулатот на Турција во Бургас, Бора Суелкан.

 

2004... Врз Амбасадата на Австралија во Џакарта, главниот град на Индонезија беше извршен бомбашки напад. Во нападот којшто беше извршен од страна на терористичката организација Џемаат-и Ислами, која бше поврзана со Ал Каеда, животите ги загубија 10 лица.

 



Слични вести