Досие 36-2020

Потрагата по рамнотежа во турската надворешна политика

1484681
Досие 36-2020

 

Анализа на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)

Како последица на релативното назадување на САД и Западниот свет и напукнувањето на „либералниот светски поредок“, се наоѓаме во еден хибриден период, бидејќи на местото на наведениот систем не можеше да се интегрира нов. Активирани се голем број геополитички раседни линии. Се наоѓаме во еден меѓупериод кога преовладуваат судирите и хаосот. Во еден ваков период, особено во околината на Турција и соседните земји, Ирак, Сирија, Либија и Источниот Медитеран како и низа други кризни жаришта, владеат жестоки судири кои неповолно се одразуваат врз националните интереси на Турција. Во еден ваков период Турција ги ревидира своите надворешно политички ангажмани и не само со западните актери, туку градејќи партнерства и со големите земји во подем како што се Русија и Кина, се обидува да ги максимализира своите национални интереси.

Во последните години беа доживеани неколку значајни точки на прекршување од аспект на обликувањето на турската надворешна политика. Една од нив секако беше обидот за воен удар на 15 јули, потоа сириското прашање и Источниот Медитеран. Турција која беше потресена со обидот за воен удар во 2016 година, исто така доживеа големо разочарување со присвојувањето и поддршката на терористичкото структуирање на ФЕТО од страна на Западните земји. Додека Турција го изнесуваше ставот дека оваа состојба не доликува на сојузничките односи, дојде до сериозна ерозија на довербата и односите со инволвираните земји особено САД и Германија. Веднаш потоа Турција од страна на западните земји беше оставена сама во врска со случувањата во Сирија, додека САД почна со структуирање на терористичката организација ПКК во Сирија и формирање терористичка држава, поради што беше принудена директно да интервенира и на тој начин да ја започне операцијата Извор на мирот. И додека се доживуваа сиве овие случувања, со цел да се формира политика на рамнотежа, Турција почна со политички и воени ангажмани со Русија. Купувањето на воздушно-одбранбениот систем С-400 од Русија, вклучувањето во процесот на преговори во Астана со кој се изолираше Америка, како и напорите за унапредување на еколошките и политички односи со Кина, се само некои од позначајните предзнаци.

Несомнено дека Турција не се согласува во сите прашања со Русија, бидејќи многу често се најдоа на спротивните страни во однос на низа геополитички прашања. Имено руската поддршка на режимот на Асад во Сирија, военото партнерство со генералот Хафтар во Либија, Кримското прашање, се значајни прашања кои ги одвојуваат двете страни. Но гледано од аспект на Турција, грубите ставови на САД и другите западни земји кои на Турција сметаат како на пасивна земја и во врска со терористичката органзација ФЕТО, случувањата во Сирија и Источниот Медитеран, позиционирањето на спротивната страна, на сличен начин зголемувањето на напнатоста и со Русија, ја принудија Турција барем од конјунктурна гледна точка да формира партнерства со Русија.

Во овој хибриден период кога постепено се распаѓа либералниот светски систем, на чие место не може да се интегрира нов, Турција е во потрага по политика на рамнотежа која своите интереси ќе ги собере во центарот. Во тој контекст, иако односите со Русија и Кина сеуште не се на стратешко ниво, по се изгледа дека истите ќе продолжат да се зајакнуваат и во претстојниот период.



Слични вести