Грчко-турската криза и македонските медиуми

Анализа на Ремзи Џанова

1484059
Грчко-турската криза и македонските медиуми

Пред неколку недели ситуацијата во Егејското Море опасно се заостри и Егејските води одеднаш се вжештија. Затегнатоста беше дојдена до степен, кој упатуваше на тоа дека е неизбежен вооружен конфликт меѓу две соседни земји и двете членки на НАТО, Грција и Турција. Причина за ваквата затегнатост беше одлучноста на Република Турција да започне со сондажи за изнаоѓање нафта во делот од морето кој Република Турција го смета за свој, а Грција исто така за свој. Во образложението на турската влада се наведува дека оваа зона е турско подрачје, во согласност со договорот со либиската влада во Триполи. И Грција и Турција на овие вжештени води испратија свои воени бродови. За да се избегне посериозен конфликт, германската влада се стави во улога на олеснувач, обидувајќи се да ја намали оваа затегнатост. Но посредништвото на Меркел, која својот министер за надворешни работи Хаико Маас го испрати во Атина и Анкара, не вроди со плод. Бидејќи затегнатоста иако не со толкав интензитет сеуште трае. Да потсетам дека минатата недела, Грција и Египет потпишаа договор, со кој ги утврдија своите економски зони во источниот дел на Средоземното Море. Со оглед на тоа дека овој договор се коси со економската зона на која Турција полага право, Анкара ги преземе сите мерки за да ги заштити своите интереси и по цена на воена акција.

За ситуацијата во источниот дел на Средоземното Море деновиве зборуваат разни експерти, стручњаци, политички коментатори и медиуми. Но зачудува фактот дека речиси сите во своите коментари и со своите стојалишта се ставаат на страната на Грција, свесно или не останувајќи слепи пред некои реалности и аргументи на Анкара.

Деновиве и во македонските медиуми се објавуваат исклучиво гледишта на западните експерти, политичари, политички коментатори и колумнисти во чии анализи и коментари, турскиот претседател се прогласува за диктатор, кој сака да ги оживее неоосманлиските аспирации. При тоа како што наведов и погоре, во западните медиуми и западната јавност не се дава воопшто никаков простор за аргументите на Турција. Македонските медиуми не само што пасивно ги пренесуваат овие прозападни ставови во врска со горе споменатата криза, некои самонаречени новинари и аналитичари од Македонија исто така даваат простор само за аргументите на нашиот јужен сосед Грција, негирајќи ја вистината дека во секоја „кавга” постои и друга страна, најчесто ставајќи се на страната на Грција и западните земји кои ја поддржуваат Грција во овој спор.

Така на пример, деновиве еден македонски новинар, кој според многумина претставува класична „новинарска проститутка” кој приватно прави свои емисии во кои тој истиот најчесто прави онанија, пласирајќи најчесто измислени факти и ноторни лаги, начесто се прават тешки најчесто се пласираат во украсна амбалажа, која за жал наоѓа консументи. Во емисијата на овој наводен новинар се вели дека „Турција е агресор, која на Грција и се заканува со војна, вклучувајќи го во тој контекст и кипарското прашање, дрско тврдејќи дека Република Турција во 1974 година го окупира северниот дел на Кипар. Неспоменувајќи дека на тој дел од островот со векови живее турско население и дека воената интервенција на Турција како земја гарантор се случува по извршениот пуч на Воената хунта на Грција во Кипар, кога од власт е симнат тогашниот претседател на Кипар, Епископот Макариос и кога грчката воена хунта во соработка со некои фашистички генерали од тогашната кипарска армија, се обидоа да го реализираат сонот на Атина за Енозис (припојување на Кипар на Грција). По еден ваков и слични еднострани текстови и анализи се причина за разгорување и жестоки дебати најчесто со националистичка реторика, која за жал се уште трае.

Затоа се чувствува потреба од поактивно ангажирање на државната Радио Телевизија на Турција (ТРТ) и новинската агенција Анадолија, кои имаат свои дописници во Република Северна Македонија и кои би играле позначајна улога во пласирањето на аргументите на Република Турција во врска со оваа криза на Медитеранот.

Автор на програмата е Ремзи Џанова, новинар во Скопје.



Слични вести