На денешен ден 01.09.

На денешен ден 1908 година свечено беше пуштена во употреба железничката пруга Хиџаз која ги поврзуваше светите територии на Исламот и османлиската престолнина Истанбул

1482549
На денешен ден 01.09.

 

На денешен ден 1715 година, на 77 годишна возраст умре францускиот крал Луј 14-ти кој беше познат и како „крал-сонце“. Луј 14-ти на престолот седна само на 5 годишна возраст и 72 години управуваше со кралството.

 

1908... Свечено беше пуштена во употреба железничката пруга Хиџаз која ги поврзуваше светите територии на Исламот и османлиската престолнина Истанбул. Првиот воз на пат тргна од Истанбул за Медина.

 

1939... По нападот на нацистичка Германија под водство на Адолф Хитлер на Полска, официјално започна Втоата светска војна. Во војната која траеше до 1945 година загинаа над 40 милиони луѓе, милиони луѓе беа повредени и осакатени. По тој повод, 1 септември беше прогласен за Светски ден на мирот.

 

1985... Американскиот поморски научник Роберт Балард и неговата екипа ги открија урнатините на бродот Титаник кој потона во 1912 година.

 

 



Слични вести