На денешен ден 29.08.

На денешен ден 1526 година Османлиската војска под команда на султанот Сулејман Величествениот на Битката кај Мохач ја победи унгарската војска

1481581
На денешен ден 29.08.

 

На денешен ден 1526 година Османлиската војска под команда на султанот Сулејман Величествениот на Битката кај Мохач ја победи унгарската војска. По битката во која загина унгарскиот крал Лајош Втори, поголемиот дел од Унгарија премина под хегемонија на Османлиската држава.

 

На денешен ден 1756 година, прускито крал Фредерик Втори со нападот на Саксонија ја започна таканаречената Седумгодишна војна која ја зафатицела Европа.

 

1915... Во Стокхолм се роди шведската актерка Ингрид Бергман, една од најголемите холивудски ѕвезди која играше во филмот „Казабланка“. Бергман умре на 67 годишна возраст во Лондон.

 

2005 Ураганот „Катрина“ ги погоди јужните предели на САД. Во несреќата загинаа 1 836, а предизвика материјална штета која изнесуваше околу 115 милијарди долари.

 



Слични вести