Досие анализа на неделата: Откриениот природен гас од страна на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган соопшти дека во локацијата Туна-1 во зоната за пребарување по име Сакарја во Црното Море има 320 милијарди метри кубни природен гас и информира дека овие резерви ќе почнат да се експлоатираат до 2023 година

1481008
Досие анализа на неделата: Откриениот природен гас од страна на Турција

Турција минатата недела соопшти дека откри резерви на природен гас во Црното Море и тоа речиси удри белег во националниот и меѓународниот дневен ред. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган соопшти дека во локацијата Туна-1 во зоната за пребарување по име Сакарја во Црното Море има 320 милијарди метри кубни природен гас и информира дека овие резерви ќе почнат да се експлоатираат до 2023 година. Како што е познато, Турција е земја зависна од енергија од надвор во процент од 99 отсто. Годишната потрошувачка на Турција во природниот гас којшто сочинува значаен дел од оваа зависност, изнесува приближно 50 милијарди метри кубни. Откриениот природен гад во Црното Море пак, засега се проценува дека е во големина да ја обезбеди само 7 или 8 годишната потреба на Турција. Меѓутоа, ова откритие во оваа количина се дефинира како најголемо откритие во историјата на Турција и 12-то по ред големо откритие меѓу откритијата на природен гас во светот.

Зависноста на Турција од енергија од надвор ја налага потребата да воспоставува урамнотежена врска со голем број земји. Троши повеќе од 50 милијарди долари и поради парите коишто ги плаќа секоја година за енергијата тоа станува причина да се појави дефицит на тековната сметка во нејзиниот буџет. Затоа, и покрај тоа што откриените резерви на гас во Црното Море засега обезбедуваат мала количина од нејзината потреба од енергија, доведоа до една нова динамика којашто ќе влијае длабоко на енергетските политики на Турција.

На чело на овие динамики се наоѓа разноликувањето на енергијата. Турција долго време како во енергетските извори применува политика на нивно разноликување. Турција со своите сопствени инвестирања ги зголемува обновливите енергетски извори како што се енергијата од ветер и енергијата од сонце, а воедно разви значаен капацитет и во енергетските извори коишто се потпираат на моќта на водата. Доколку се продолжи со нови откритија во Црното Море, Турција би можела природниот гас да го доведе во состојба на значаен алтернативен извор на енергија.

Еден друг столб на политиката на разноликување на енергијата пак, сочинува разноликувањето на изворните земји. Целта овде е да се спаси од зависност од само една земја или од само еден извор на енергија. Откритието во Црното Море би можело да ја олесни раката на Турција и само по себе да обезбеди да се однесува пофлексибилно по прашањето на разноликување на изворите.

Едно друго значајно селектирање пак, е тоа што ќе се зацврсти позицијата на Турција во енергетската безбедност и снабдувањето со енергија. Турција се наоѓа меѓу најкритичните земји по прашањето на трансферот на енергијата. Меѓу најзначајните предности на Турција пак, е тоа што располага со стабилна градба. Оваа градба станува уште позначајна кога ќе се земат во предвид судирите коишто продолжуваат, енергетските извори и постоечките потенцијални енергетски резерви во опкружувањето на Турција. Природниот гас од Црното Море, ѝ уште повеќе ќе ја зајакне позицијата на Турција да стане транзитна земја, ѝ ќе ја претвори во енергетска земја и ќе стане причина да и се додаде една нова димензија на енергетската безбедност.

Во меѓународната енергетска геополитика, заедно со откриениот природен гас од страна на Турција во Црното море би можело да се отвори и патот пред неја за да стане енергетски играч.  Турција која располага со недостатоци по прашањето на цените на купување од меѓународниот енергетски пазар кадешто конкуренцијата е крајно многу голема, доколку успее да ги продолжи откритијата на гас во Црното Море и овој гас да го трансформира во енергетски извор, ќе се стекне со големи предности по прашањето на енергетските пазарења. Оваа предност би можела само по себе да обезбеди Турција како додаток на нејзините други улоги во новиот период да стане и енергетска сила.

Турција која во последно време во надворешната политика себе си се чувствува сама наспроти една поделба на блокови во регионални димензии, доколку успее да се преобрази во енергетска сила би можела уште повеќе да ја зголеми својата флексибилност во надворешната политика. Откритието во Црното Море засега не е доволно Турција да стане енергетски гигант, меѓутоа претставува една огромна почетна точка до којашто е дојдена во своите инсистирачки политики по прашањето да стане енергетска сила. Доколку продолжат овие нејзини откритија Турција би можела да стане голема енергетска сила и во оваа состојба тоа би можело да стане причина за коренити промени во регионалната геополитика.

Коментар на доц. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА



Слични вести