На денешен ден 22.08.

На денешен ден 1642 година во Англија започна граѓанската војна која траеше 9 години

1477347
На денешен ден 22.08.

 

На денешен ден 1642 година во Англија започна граѓанската војна која траеше 9 години. Судирите меѓу Кралството и Парламентарната управа завршија со победата на приврзаниците на парламентарната управа во Битката кај Ворчестер на 3 септември 1651 година.

 

1812... Археолошкиот локалитет Петра во Јордан беше откриен од страна на швајцарскиот патеписец Јохан Буркхард. Во периодот од 400-та г.п.е. до 106-та година, градот беше престолнина на Небатејците, додека по окупацијата од страна на Римјаните и земјотресот како и економските причини што го погодија во 400-те години, градот ја изгуби старата привлечност и беше препуштен на забот на времето.

 

2000... На 62 годишна возраст умре поранешниот претседател на Азербејџан Ебулфеј Елчибеј. На погребот на Елчибеј учествуваа околу 1 милион луѓе.

 



Слични вести