На денешен ден 20.08.

На денешен ден 1968 година Чехословачка беше окупирана од страна на Советскиот Сојуз и земјите членки на Варшавскиот пакт

1475805
На денешен ден 20.08.

 

На денешен ден 636 година Арапската војска под команда на Халид Бин Велид во Битката кај Јармук ги победи Византиските сили и контролата над Сирија и Палестина премина во рацете на исламската држава.

 

1940... Од страна на агентите на Сталин во Мексико каде што беше испратен на прогонство беше убиен Лав Троцки, еден од лидерите на Советската револуција кој одреден период живееше и во Истанбул.

 

1968... Чехословачка беше окупирана од страна на Советскиот Сојуз и земјите членки на Варшавскиот пакт. Беа уапсени Александар Дубчек и другите чешки лидери. Советските тенкови на улиците на Прага се соочија со отпорот на чешкиот народ.

 

2017... На 91 годишна возраст во куќата во Лас Вегас почина познатиот американски комичар Џери Луис.

 



Слични вести