Досие анализа на неделата: Интересите на Турција во Источниот Медитеран

Во стратешката култура на Турција, Средоземното Море се дели на 3 под геополитички и геостратешки области

1472558
Досие анализа на неделата: Интересите на Турција во Источниот Медитеран

Конкуренцијата којашто се доживува во Источниот Медитеран во последните недели доста е заострена. Оваа конкуренција којашто започна со постигнатиот договор на Турција со Либија и потоа со новата улога што ја презеде во Либија, со потпишаниот договор помеѓу Грција и Египет е претворена во една вистинска конкуренција.

Конкуренцијата не е ограничена само со Турција и Грција. И земји како Русија, САД, Франција, Италија, како и други регионални земји преку Средоземното Море се нафатени на економска, политичка и воена конкуренција. Турција со сите свои можности и способности е во обид да ги одбрани сопствените права. Затоа, Средоземното Море постепено се наоѓа во централна положба во надворешната политика и политиката на безбедност на Турција. 

Во стратешката култура на Турција, Средоземното Море се дели на 3 под-геополитички и геостратешки области. Првата се состои од подобласта Левант во Источниот Медитеран и во нејзиниот центар се наоѓа островот Кипар. И покрај тоашто историски располага со значење поради неговата стратешка положба, вредноста на Кипар веќе се трансформира кон рамниште во чиј центар се наоѓа геоекономијатат. Тоа што се откриени резерви на природен гас и се обидува да се формира еден нов систем на сојуз на геоекономска основа со обид за исклучување на Турција, кога ќе се земат во предвид кризата во Сирија и прашањата со Либија и Палестина, Турција доаѓа во многу позначајна состојба во Источниот Медитеран. Оваа состојба, го налага и тоа Турција да развива една нова островска стратегија за одбрана и безбедност.

Едниот од сигналите за тоа е и тоа што Турција во наредните години планира да изгради своја поморска база во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), како и тоа што претпочита да ја зголеми својата способност со наоружани беспилотни летала (СИХА) и беспилотни летала (ИХА) во регионот. Меѓутоа, тоа не е доволно Турција да ги одбрани своите интереси во Средоземното Море. Инвестирањето во една сила со висока способност на одвраќање којашто ќе може да реализира проекција на моќност во опсег на Источниот Медитеран, се гледа како еден од основните средства за да би се здобила Турција со дипломатска флексибилност.

Втората стратешка област пак, се состои од централно средоземноморската линија и го определува тоа каква улога ќе одигрува Турција во своите политики на северноафриканската крајбрежна линија. Постигнатиот договор со Либија се гледа за доста значајна Турција да би можела да ја продолжи конкуренцијата којашто ја налага ѝ адаптацијата ѝ оваа геополитика кон новата состојба со Средоземноморски опсег. И покрај тоа што се вели дека е задоцнето од аспект на тајмингот, либискиот потег би можел да претставува препрека во однос на формирањето на антиблок во средоземнорскиот басен на Турција. Овој потег истовремено ја доведе Турција во состојба на страна на решението и на преговорите во Либија. Присуството на Турција во Централниот Медитеран, освен тоа ќе може уште повеќе да ја зголеми нејзината способност на маневар во геоекономската конкуренција со енергетски центар и на тој начин ќе може да ја доведе во поефикасна состојба нејзината стратешка флексибилност.

Во западносредоземноморската под-геополитика пак, којашто е обликувана на оската на турско-грчката конкуренција и која формира сфера на нова затегнатост во јужното крило на НАТО, борбата на Турција се води многу пожестоко. Турција која особено со противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 ќе се здобие со постепена способност на одбрана и одвраќање, со нејзиниот капацитет на моќност со којшто располага, формира равенка за којашто Грција е приморена да реализира воено балансирање. Затоа Грција по пат на формирање систем на сојуз против Турција проба да премине пред ефикасноста на Турција во басенот на Средоземното Море. Постигнатиот договор со Египет е едниот од примерите на обидот на ова балансирање. Од друга страна, отворено се гледа дека САД ќе реализираат инвестирања коишто ќе ја продлабочат оваа ефикасност и затоа треба да се очекува во наредниот период да бидат уште повеќе зголемени. Знак за тоа е тоа што САД зајакнуваат некои од своите бази коишто се наоѓаат особено во Грција. Истовремено и чекорите коишто се фрлаат од страна на САД во правец на укинување на ембаргото на оружје за Јужната кипарско-грчка управа, би можеле да се оценат како потези во правец на балансирање на воената сила на Турција.

За да би можела Турција да го покажува своето присуство во трите под-геополитички области на Средоземното Море, може да се оствари само со зголемување на нејзината сила на одвраќање, продлабочување на нејзината способност и капацитетот за проекција на моќност и ако затреба да располага со флексибилност со којашто нема да се воздржува од употреба и на сила. Оваа состојба се гледа како од значајните патишта за опстојување на Турција во склопот на една конкурентна и рестриктивна безбедност.

Коментар надоц. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА



Слични вести