Досие анализа на неделата: Провокација во Идлиб

Бројни надворешни и внатрешни актери во Сирија во правец на своите сопствени интереси повлекувајќи воени и политички потези се обидуваат да ја зајакнат својата рака

1466411
Досие анализа на неделата: Провокација во Идлиб

На теренот во Сирија во секој момент доаѓа до значајни случувања и тоа вклучувајќи ги дури и периодите кога не се водат судири од големи димензии.

Бројни надворешни и внатрешни актери во правец на своите сопствени интереси повлекувајќи воени и политички потези се обидуваат да ја зајакнат својата рака. Граѓанската војна во Сирија која остави зад себе 8 години  продолжува да следи еден динамичен курс т.е. развој. Некои актери се обидуваат да формираат игра во своја полза, а некои повлекувајќи потези за испречување пред тоа продолжуваат да инвестираат во хаосот во земјата. Во овој контекст би можело да се прочита поставувањето на мета и на турско-руската заедничка патрола во Идлиб, во последно време.

Идлиб, кој е во положба на последна тврдина на опозиционерите и кадешто живеат приближно 3,5 милиони луѓе, беше цел на режимот и неговите поддржувачи, при што во судирите коишто беа водени стотици илјади луѓе беа принудени да се иселат, а илјадници луѓе го загубија животот. Овие напади конечно можеа да бидат сопрени со интервенцијата на Турција, така што со постигнатиот меморандум помеѓу Турција и Русија можеше да се стави во примена и прекин на огнот. Во тој контекст, турско-руските војници започнаа со патроли на стратешкиот магистрален пат Автопатот М-4 и чекор по чекор овој простор се прошируваше.

Откако дваесетата заедничка патрола којашто е реализирана во подрачјето на Идлиб пристигна во Бадама, реализираната дваесет и прва патрола пак, која беше определена во Москва се предвидуваше да ја опфати целосно маршрутата и заедничката патрола да биде успешна. Меѓутоа, на маршрутата на патролата беше реализиран напад со возило бомба врз руските војници и не можеше да се реализира патролата на маршрутата на која беше постигната согласност помеѓу Турција и Русија.

Одговорноста за нападот ја презеде една огранизација по име „Хаттап Шишани“. Името „Хаттап Шишани“ кое се користи од страна на организацијата е крајно смисловна од аспект на Русија. Имено, оваа организација која алудира на Чеченците е во својство на директна порака до Русија. Кога ќе направиме проценка на тоа дека како во Идлиб, така и во другите опозициски подрачја на Сирија не пстои организација која е позната под името „Хаттап Шишани“, пред нас се појавуваат значајни знаци прашалници. Кога станува збор за можноста оваа организација за којашто се подразбира дека е формирана на хартија, овој напад го реализирала во име на структурата по име „Хураседдин“ поврзана со Ал Каеда, едно друго сомневање коешто доаѓа на ум е и тоа дека нападот би можел да е дело и на трет актер кој има за цел да го расипе постигнатиот турско-руски меморандум.

Впрочем, руските воздушни сили по нападот во Идлиб реализираа бројни воздушни операции, ги бомбардираа опозициските елементи во Идлиб, а истовремено го погодија и градот Ал Баб со што станаа причина за загинување и на цивили. Русија реализираниот напад врз нејзините војници го претвори во можност и ги бомбардираше умерените опозиционери кои ја поддржуваат Турција. Тоа покажа колку е кршлив договорот од Москва, а исто така уште еднаш се виде и тоа дека не стојат празно и внатрешните и надворешните актери кои се обидуваат да ги спречат Турција и Русија да формираат игра и дека се обидуваат да го манипулираат процесот со провокативни акции.

Коментар на Џан Аџун,истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА



Слични вести