На денешен ден 27.07.

На денешен ден 1794 година беше погубен Максимилијан Робеспјер

1464846
На денешен ден 27.07.

 

На денешен ден 1794 година, Максимилијан Робеспјер – еден од лидерите на Француската буржоаска револуција од 1789 година, само еден ден откако беше соборен од власта, беше погубен со гилотина.

 

1953... Со потпишувањето на Корејскиот мировен договор во селото Панмунјон, заврши 3 годишната војна меѓу Северна и Јужна Кореја која со учество на Силите на ОН предводени од САД се стекна со епитет на Корејска војна. Во војната во која учествуваа  над 5 илјада турски војници, загинаа над 2 милиони лица.

 

1983... Пет ерменски терористи извршија напад на Амбасадата на РТ во Лисабон. Во нападот загина сопругата на привремениот вршител на работите Јуртсев Михчиоглу, госпоѓа Џахиде Михчиоглу, додека терористите беа убиени.

 



Слични вести