Досие анализа на неделата: Последните случувања во либиската равенка

Силите на Владата на национално единство поддржани од Турските вооружени сили (ТВС) за заземање на градовите Сирте и Џуфра реализираа долги подготовки и се распоредија околу овие подрачја

1454434
Досие анализа на неделата: Последните случувања во либиската равенка

На теренот во Либија кадешто со интервенцијата од страна на Турција се променија сите рамнотежи во полза на Владата на национално единство, продолжуваат да се доживуваат и воени и политички случувања.

Силите на Владата на национално единство поддржани од Турските вооружени сили (ТВС) за заземање на градовите Сирте и Џуфра реализираа долги подготовки и се распоредија околу овие подрачја, а од друга страна се во потрага по зајакнување на своите сили со системи за воздушна одбрана. Милициските сили лојални на Хафтар пак, се во потрага да покажат отпор во воена смисла и тоа освен со воените авиони коишто Русија преку Сирија ги префрли во Џуфра, и со носење на милициски сили лојални на Асадовиот режим со финансирање од страна на Обединетите Арапски Емирати. На тој начин покрај воените случувања теренот во Либија е многу раздвижен и во дипломатска сфера. Освен Турција повеќе се активни и Франција и Италија, додека со усмерување и на Обединетите Арапски Емирати и генералот пучист во Египет Абдулфетах ес-Сиси отворено даде изјави во однос на тоа дека би можеле да интервенираат на судирите во Либија.

Откако со интервенцијата на Турција и поддршката на силите на Владата на национално единство од страна на Турција се промени текот на судирите коишто продолжуваат подолго време во Либија, на изглед актерите кои го поддржуваат Хафтар се влезени во состојба на потрага по директна интервенција. Оваа коалиција составена од земји како што се Русија, Франција, Обединетите Арапски Емирати и Египет, и покрај тоа што располага со различни интереси меѓу наведените земји почнаа едно по друго да повлекуваат потези за да се спречат силите на Владата на национално единство целосно да го поразат Хафтар и да завладеат со сите територии на Либија. Нивниот основен приоритет стана да ја раздвижат дипломатската маса и обезбедувајќи да се постигне прекин на огнот макар и за извесно време да ги спасат силите на Хафтар од пораз. За ова време Русија пренесе во Либија голем број свои воени авиони и со финансиска поддршка на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на фронтовите линии во Либија беа донесени дополнителни милициски сили на Асадовиот режим, така да назадувањето на силите на Хафтар засега е сопрено.

Од друга страна, реализираниот воздушен напад од страна на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) врз воздушната база Ватија во западниот дел на Либија беше значајна манифестација од аспект на тоа да покаже колку оваа пред малку наведена коалиција е одлучна во ова. Овие наведени земји сакаат во најмала рака да се зачува сегашната состојба и да се спречи заедно со нафтената полумесечина градовите како што се Сирте и Џуфра да преминат во рацете на силите на Владата на национално единство. Турција пак, проодлжува да ја поддржува легитимната либиска Влада. Посетите коишто во последната една недела се остварени од Турција на Триполи и веднаш потоа и потпишувањето на некои договори ја зајакнаа оваа состојба.

Турција секако дека сака да и се даде шанса на дипломатијата на теренот во Либија и води напори најпрвин да се постигне траен прекин на огнот и потоа да се стави во примена процесот на политичко решение. Меѓутоа, за тоа вели дека сите сили треба да се повлечат на границите од Договорот од Сухејрат постигнат во 2015 година во Мароко, односно дека треба да преминат во рацете на силите на Владата на национално единство два града од критично значење, Сирте и Џуфра. Сепак, не се гледа премногу можно страните да се договорат во овој контекст, така што би можеле да предвидеме дека силите на Владата на национално единство во наредните денови би можеле да започнат операција за заземање на Сирте.

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА



Слични вести