Специјалитети од османлиската сарајска кујна: Чиг ќофте со јајца од Шанлиурфа

Денеска во градот Шанлиурфа, едниот од првите научни центри на светот, пред традиционалните куќи карактеристични за градот Шанлиурфа познати под името „ќумбет“, ќе го подготвиме специјалитетот „Чиг ќофте со јајца“

1414123
Специјалитети од османлиската сарајска кујна: Чиг ќофте со јајца од Шанлиурфа
SARAYIN LEZZETLERİ 14-Yumurtalı Çiğ Köfte.jpg

Денеска во оваа серија од програми во чии рамки споделуваме извонредни специјалитети од османлиската сарајска кујна ќе ве однесеме во градот Шанлиурфа, едниот од првите научни центри на светот. Нашето јадење коешто ќе го подготвиме пред традиционалните куќи карактеристични за градот Шанлиурфа познати под името „ќумбет“, е  специјалитетот „Чиг ќофте со јајца“.

 

За подготвување на ова јадење ни се потребни следните состојки:

4 чаши за чај булгур за ќофте

1 главичка кромид

2 чешни лук

1 лажица солца од домати

Половина лажица солца од пиперки

Околу половина од количината на булгурот исот (црвен лут пипер по желба домашен)

1 лимон

4 јајца

 

Пред да почнеме со начинот на подготвување на ова јадење од страна на шефот-готвач и истражувач-експерт за култура Јунус Емре Аккор проследено и со видео, најпрвин би сакале да ве носиме на куса прошетка низ градот Шанлиурфа, древен град познат како „град на Пејгамберите (божјите пратеници)“...



Слични вести