Специјалитети од османлиската сарајска кујна: Балли Махмудије (Махмудије со мед)

Денеска ќе ви го подготвиме јадењето Балли Махмудије (Махмудије со мед) од градот Малатја, едното од најомилените јадења на османлискиот султан Махмут втори

1414093
Специјалитети од османлиската сарајска кујна: Балли Махмудије (Махмудије со мед)

Денеска во оваа серија од програми во чии рамки споделуваме извонредни специјалитети од османлиската сарајска кујна ќе ве однесеме во градот Малатја, родното место на анадолскиот јунак Батталгази, а нашето јадење кое што ќе ви го подготвиме во 382-годишниот каравансарај Силахтар Мустафа Паша е Балли Махмудије (Махмудије со мед), кое инаку било едното од најомилените јадења на османлискиот султан Махмуд втори.

 

За подготвување на ова јадење ни се потребни следните состојки:

- 1 кг месо без коски, пилешки гради и бутови

- 100 гр суви кајсии

- 150 гр путер

- 1 среден лимон

- 50 гр лупени бадеми

- 50 гр рибизли

- Сол, цимет

- 1 лажица мед

 

Пред да почнеме со начинот на подготвување на ова јадење којшто се раскажува од страна на шефот-готвач и истражувач-експерт за култура Јунус Емре Аккор проследено и со видео, најпрвин би сакале да ве носиме на куса прошетка по градот Малатја...



Слични вести