Дали знаете дека волната од ангорска коза е распространета низ светот од Анкара, од Анадолија?

Ангорската коза до 20-от век се одгледувала само во Анкара и околните градови, а потоа во различни временски периоди оттука била однесена во други земји низ светот, меѓутоа секаде онаму кадешто била однесена го зачувала своето име како ангорска коза

1386548
Дали знаете дека волната од ангорска коза е распространета низ светот од Анкара, од Анадолија?

Дали знаете дека волната која што во голем број земји е позната под името „мохер“ се добива од ангорска коза и која од нашата земја била распространета низ  целиот свет?

Ангорската коза чија татковина е Централна Азија, од страна на турските плeмиња кои во 13-от век се преселиле во Анадолија била донесена во Анадолија и своите расни карактеристики со коишто располага денеска ги добила во Централна Азија. Ангорските кози се нежни животни со мал раст со долги кадрави свилени влакна, кои се одгледуваат на места со голема надморска височина, во суви климатски области со мали врнежи.

Ангорската коза до 20-от век се одгледувала само во Анкара и околните градови, потоа во различни временски периоди од овие области била однесена во други земји низ светот, меѓутоа секаде онаму кадешто била однесена го зачувала своето име како ангорска коза. Волната „мохер“ т.е. тифтикот како што се нарекува на турски, која се добива од ангорската коза во секторот на текстил во светот се смета и оценува како најдрагоцен извор на влакна. Волната т.е. мохерот“ е бело, издржливо, светло (блескаво), отпорно на топлина, и влакно кое може лесно да се бои и кое поради својата мазна и лизгава структура не се валка лесно. Поради тоа што лесно може да се меша со овчјата волна, памукот и синтетитчките влакна, е една од репроматеријалите т.е. необработените материјали (суровини) на индустријата на ткаење без коишто се не може.

Денеска, надвор од Турција се одгледуваат ангорски кози во земји како што се Јужна Африка, САД, Лесото, Аргентина, Австралија и Нов Зеланд.



Слични вести