Денеска е 8 Март Меѓународен ден на жената

Жената е најважната алка од општеството. Ниту едно општество не може да се третира како цивилизирано и современо доколку во тоа општество не е вклучена жената и доколку жената не е еднакво третирана.

1373984
Денеска е 8 Март Меѓународен ден на жената

Денеска е 8-ми Март Меѓународен ден на жената...

Овој ден признат од страна на Организацијата на Обединетите нации (ООН), е посветен на развојот на социјалната и политичката свест на жените, и на прославувањето на нивните успеси во сите сфери од животот.

Секоја година на 8-ми март се нагласуваат еднаквите права на жените и точката до која достигнале; се изнесуваат нивните проблеми, маки, носталгии.

Денеска, жените во голем број земји во светот веќе го докажале своето постоење како рамноправни граѓани; фрлиле потпис на значајни успеси во социјалната, културната, економската и политичката сфера. Меѓутоа, тие се уште се среќаваат со проблеми по прашањето на колективното искористување на правата со кои што располагаат.

Неможноста од добивање на образование, подложеноста на насилство, дискриминацијата во деловниот живот или во семејството; се проблеми кои што постојат и денеска во голем број земји во светот...

Процентот на добивање образование на женските деца во нашата земја, процентот на приклучување на жените во производството, односно нивното вработување, постепено се зголемува. Се вложуваат напори во правец на целосното елиминирање на насилството врз жената.

Образованите жени со висок степен на самодоверба, ќе го водат светот кон понапреден степен во секоја сфера.

Жената е најважната алка од општеството. Ниту едно општество не може да се третира како цивилизирано и современо доколку во тоа општество не е вклучена жената и доколку жената не е еднакво третирана.

Општеството е цивилизирано ако жената е вклучена во сите негови сегменти.

Општеството е прогресивно ако жената е вклучена во сите негови сегменти.

8-ми март претставува можност за разгледување и за дискутирање на прашањата и проблемите на жената, како во Турција, така и во останатите држави во светот.

Со желба да нема повеќе насилство врз жените, онеправданост и прекршување на нејзините права, упатуваме искрени честитки до сите припаднички на понежниот пол.

Честит 8-ми Март Меѓународниот ден на жената...



Слични вести