Дали знаете дека турското куче сиваски Кангал е регистрирана раса куче во светот?

Кучињата Кангал се наоѓаат на чело на најсаканата раса кучиња во Турција и особено во Анадолија

1373606
Дали знаете дека турското куче сиваски Кангал е регистрирана раса куче во светот?
kangal.jpg
kangal.jpg
kangal.jpg
kangal.jpg
sivas kangal.jpg

Дали знаете дека кучињата анадолски сиваски Kангал се регистрирана раса кучиња во светот? 

Во врска со потеклото на кучето сиваски Кангал, односно Кангал од Сивас, се изнесуваат безброј мислења. Меѓу сите нив, во основа се прифаќа мислењето дека расата кучиња Кангал за време на големите турски преселби биле донесени од Туркестан во Анадолија.

Кучињата Кангал се наоѓаат на чело на најсаканата раса кучиња во Турција и особено во Анадолија. Оваа раса кучиња која е позната во целиот свет и се споменува и под различни имиња, од страна на Меѓународната научна федерација за кучиња т.е. Меѓународната кинолошка федерација, е призната и регистрирана како посебна раса кучиња под името „Кангал“.

Кучињата Кангал коишто спаѓаат во групата на „Огромни кучиња“, спротивно на оној нивен огромен изглед располагаат со многу љубезен и мирен карактер.

Од аспект на чувањето на стадата кучињата Кангал се едната од најуспешните раси кучиња во светот. Тие се одгледуваат како овчарски кучиња и тоа не само во Турција, туку во голем број места во светот.
 



Слични вести