Досие анализа на неделата: Пред истекот на рокот даден од страна на Турција на режимот, во Идлиб

Веќе наближува крајот на рокот што претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му го даде на Асадовиот режим за повлекување на режимските сили надвор од турските набљудувачки пунктови во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија

1368770
Досие анализа на неделата: Пред истекот на рокот даден од страна на Турција на режимот, во Идлиб

Човечката криза во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија постепено продолжува да расте. Бројот на раселените лица само во последните месеци изнесува над 1 милион. Режимот и шиитските милициски сили продолжуваат да напаѓаат од копно, а Русија од воздух. Цел на нападите намерно и совесно стануваат и цивилите и населените места, а не само опозициските воени елементи. Турција пак, во име на стопирање на човечката криза во Идлиб продолжува да презема политички и воени чекори. Веќе наближува крајот на рокот што претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му го даде на Асадовиот режим. Турција додека од една страна ги продолжува разговорите со Русија и е во потрага за изнаоѓање политичко решение за кризата, од друга страна е одлучна да ги фрли и неопходните воени чекори.

Гледаме дека судирите во подрачјето на Идлиб продолжуваат на две главни оски. Првата оска е на линијата Нејраб-Серакиб којашто воедно е од стратешко значење. Во оваа област кадешто се пресекуваат магистралните патишта автопатите М-4 и М-5 има значајни населени места. Пред извесно време режимските сили со силна руска поддршка од воздух успеаја да ги заземат овие области. Потоа умерените опозиционери со поддршка на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) започнаа контранапад и најпрвин успеаја повторно да го ослободат селото Нејраб, а потоа почнаа да напредуваат и го повратија од рацете на режимските сили и центарот на стратешкото населено место Серакиб. Станува збор за значајни теренски извештаи коишто пристигнуваат во кои се вели дека режимските сили и шиитските милициски сили претрпеле мошне тешки загуби. Тоа претставува значајно манифестирање на стратегијата на Турција за зголемување на цената на војната.

Втората оска на којашто продолжуваат судирите пак, е јужниот дел на Идлиб кој што ја опфаќа и областа Џебетул Завије. Се гледа дека режимските сили од оваа област сакаат да напредуваат кон север и да стигнат до магистралниот пат автопатот М-4. Меѓутоа, турската војска за поддршка на опозиционерите е распоредена и во оваа област. Режимските сили и покрај тоа што досега зазедоа неколку села не можеа да постигнат поголем успех.

Додека на теренот се доживуваат сиве овие наведени случувања, постои раздвиженост и на масата. Турција од една страна води преговори со Русија од друга страна пак, се обидува да ја поттикне да стапи во акција меѓународната заедница по прашањето со Идлиб. Особено, со дипломатијата којашто се води со САД и со различни европски земји се посакува да се создаде средина на притисок врз Русија и Иран.

Во контекст на Идлиб, се гледа дека се поклопуваат интересите на САД и европските земји со интересите на Турција. Додека европските земји покажуваат чувствителност во контекст на прашањето на мигрантите, САД не сакаат режимот, Иран и Русија да извојуваат победа на теренот на Сирија. Меѓутоа, вистинското прашање коешто треба да се постави овде е тоа „Дали САД ќе и достават поддршка на Турција само со реторика и со некои така да се каже чекори на шминка, или пак на вистински начин ќе ја постават својата тежина во прашањето со Идлиб?“. Доколку САД сакаат да ги зачуваат своите придобивки во контекст на Идлиб, тие мораат да фрлат посмисловни и конкретни чекори на овој план.

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА



Слични вести