Досие анализа на неделата: Турско-руските односи поминуваат низ тешки времиња

Доколку Турција и Русија не можат да постигнат одреден компромис по прашањето со Идлиб, би можела да се појави нова затегнатост на линијата Анкара-Москва и зближувањето коешто настана во последните години би можело да се сврте наопаку

1364126
Досие анализа на неделата: Турско-руските односи поминуваат низ тешки времиња

Турско-руските односи, историски во основа се одвивале со удолнини и угорнини. Во годините на Студената војна и не би можело да се каже дека односите помеѓу двете земји беа на доста многу добро ниво.

И покрај тоа што Турција поради ембаргото на оружје коешто беше доживеано во турско-американските односи во 1964 година следеше политика на приближување со тогашниот Советски Сојуз, не можеше да биде премногу успешна во тоа. Распаѓањето на Советскиот Сојуз по крајот на Студената војна нудеше можност за поправање на односите помеѓу Москва и Анкара, меѓутоа препрека за тоа претставуваа случувањата и кризите до коишто дојде на оската на Балканот, Црното Море и Кавказ. Во овој период и двете земји беа во потрага по нова улога за себе во новиот светски поредок, после Студената војна. Затоа, односите не можеа да го достигнат посакуваното ниво.

Меѓутоа, заедно со 2000-тите години Турција и Русија беа во обид за формирање на односи на една порационална основа. Москва, и покрај тоа што ја сметаше Анкара за свој ривал, ја оценуваше како партнер со којшто треба да се работи во бројни сфери од енергијата до трговијата. Анкара пак, претпочиташе да воспостави блиска врска со Русија поради тоа што е нејзин голем сосед, поради тоа што има потреба од Москва по прашањето на природниот гас и поради развивање на политика на страната на решение во геополитичките прашања во регионот. Како разултат на тоа, беа формирани партнерства и беше формирана соработка помеѓу Турција и Русија во бројни сфери и се влезе во период на зближување.

Меѓутоа, избувнувањето на кризата во Сирија во прва фаза ги доведе двете земји во положба на ривали една со друга, а во понатамошните фази пак, ги водеше до точка во која што би можеле да работат заедно. Најпрвин соборувањето на рускиот воен авион кој во 2015 година го наруши турскиот воздушен простор, стана причина за појава на една длабока криза помеѓу двете земји, а во 2016 година како резултат на взаемната дипломатија којашто се следеше, повторно се појави компромис. Од тој ден досега помеѓу Турција и Русија се одвива едно стратешко зближување. Меѓутоа, поддршката којашто во последните месеци ја дава Русија на сирискиот режим во подрачјето на Идлиб, едното од последните упоришта на опозиционерите во Сирија и воздушните напади коишто се реализираат лично од страна на Русија, станаа причина повторно да бидат распрашувани турско-руските односи. 

Секако дека односите помеѓу Турција и Русија не се огрнаичени само со Сирија. Москва, тврди дека Турција не ги исполнува своите одговорности по прашањето со Идлиб кои што произлегуваат од договорот од Сочи и работата за елиминирање на радикалните елементи во Идлиб посакува да ја реализира самата. Турција пак, застанува во одбрана на тоа дека за да ги исполни овие одговорности треба да престанат нападите на Асадовиот режим. Така да, се додека не бидат сопрени нападите и не се гледа за премногу возможно Турција да биде успешна во Идлиб.

Оваа состојба, би можела да стане причина за избувнување на една нова криза помеѓу Москва и Анкара и зближувањето помеѓу двете земји би можело повторно да влезе во период на стагнација. 

Турската влада, за да не се влезе во една нова криза во односите ги подвлекува заедничките интереси со коишто располагаат двете земји. На ниво чело се наоѓа прашањето со противвоздушно одбранбените ракетни системи С-400 коишто во последно време ги доближија најмногу двете земји. Анкара, и покрај приговорите на САД ги купи одбранбените системи С-400 и смета дека со тоа покажа колку значење им придава на своите односи со Русија. Згора на тоа, се наведува дека помеѓу Турција и Русија ќе се склучи партнерство во сферата на одбранбената индустрија. Од друга страна, двете земји водат заеднички проект по прашањето на обезбедување на потребата на Турција од нуклеарна енергија и Русија со овј проект сака да ја докаже својата способност по прашањето на нуклеарната енергија. Овие две партнерства истовремено се во својство на обезбедување на макар и на мал придонес во лошата економија на Русија. И по прашањето на енергијата се гледа дека двете земји речиси имаат потреба една од друга. Турција е едниот од најзначајните купувачи на рускиот природен гас. Со тоа е драгоцен муштерија, односно купувач. Меѓутоа, Анкара истовремено располага со стратешко значење во испораката на рускиот природен гас преку Турција до Европа. Така да станува збор за взаемна зависност. Турција, е ефтин рај за одмор за руските туристи. За Турција пак, Русија се наоѓа на првото место по бројот на туристите кои доаѓаат од оваа земја.

Прашањето со Сирија, и покрај тоа што постојат недоразбирања (несогласности) помеѓу двата актера, претставува еден од најзначајните заеднички именители. Русија и доколку би прогласила воена победа, на една дипломатска основа на којашто ќе ја нема Турција, и не се гледа за можно да долови една одржлива стабилност по сириското прашање. Да се стане причина за смртта на поголем број цивили во Идлиб и принудувајќи се локалниот народ на раселување и негово иселување кон Турција , не претставува рационална стратегија за Москва. Спротивно на тоа, тоа би можело да создаде поголеми трошоци за Русија. Во последните недели, САД тоа почнаа да го оценуваат како прилика и повлекоа некои потези коишто ќе го нарушат турско-руското зближување, преку Идлиб. САД на највисоко ниво соопштија дека во Идлиб ќе бидат на страната на Турција.

Доколку Турција и Русија не можат да постигнат одреден компромис по прашањето со Идлиб, би можела да се појави нова затегнатост на линијата Анкара-Москва и зближувањето коешто настана во последните години би можело да се сврте наопаку. Затоа Идлиб, е едниот од најзначајните тестови на турско-руските односи и не изгледа дека ова прашање би можело да се реши многу лесно. Русија, за да ги продолжи своите стратешки односи со Турција, треба да се откаже од максималистичките барања во Идлиб и што поскоро треба да ги сопре нападите на режимот.

Коментар на доцент д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА
 



Слични вести