Досие анализа на неделата: Да се принудат режимот и неговите сојузници на мир во Идлиб

Чекорите коишто освен режимот ги фрла и Русија во последно време на теренот во Сирија, им наштетуваат на националните интереси на Турција

1360141
Досие анализа на неделата: Да се принудат режимот и неговите сојузници на мир во Идлиб

Силите лојални на Асадовиот режим заедно и со растечката поддршка на Русија и Иран, спротивно и на процесот од Астана, ги продолжуваат нападите врз подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Режимските сили кои напредуваат за да ја преземат контролата над стратешкиот магистрален пат автопатот М-5 ги зазедоа областите од населеното место Серакиб до населеното место Ал Ејс, со што пак во последната една година беа раселени од своите домови речиси 1 милион луѓе. Обемната воена операција којашто се спроведува против подрачјето на Идлиб, го потврдува тоа дека режимот и неговите сојузници повеќе од изнаоѓање на политичко решение, веќе се влезени во потрага по извојување на воена победа. Турција пак, со воените чекори коишто ги фрла става до знаење дека нема да го дозволи тоа.

Режимските сили, во последните две недели ги засилија нападите во Идлиб и добивајќи ја поддршката и на шиитските милициски сили поддржани од Иран од копно и интензивната поддршка на Русија од воздух, продолжија да напредуваат пред опозиционерите. По освојувањето на Маретинуман, едното од најголемите населени места во подрачјето на градот Идлиб, се усмерија на север и го зазедоа и населеното место Серакиб, кое што е од стратешко значење и кое ги поврзува магистралните патишта автопатите М-4 и М-5.

Стотици илјади луѓе од населените места под жесток оган и бомбардирање, почнаа да бегаат кон границата со Турција. Турција, ја увиде оваа состојба и испраќајќи во сериозна смисла дополнителна воена опрема во подрачјето на Идлиб, беше приморана да им даде ултиматум на режимските сили. Меѓутоа, откако режимот изврши директни напади врз турските војници во Серакиб и Тафтаназ, Турција за прв пат од почетокот на граѓанската војна во Сирија ги гаѓаше режимските сили во еден ваков голем обем. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им даде рок на режимските сили до крајот на февруари да се повлечат надвор од границите на договорот од Сочи и рече дека во спротивно Турција воено ќе интервенира и ќе го истера режимот оттука.

Овие изјави на претседателот Ердоган и натрупувањето на воена опрема од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во подрачјето на Идлиб, покажуваат дека начинот на делување на Турција во врска со подрачјето е променет и дека веќе сме влезени во еден нов период.

Турција, создавајќи основа на договор со Русија се уште посакува режимот да излезе надвор од границите од Сочи, меѓутоа доколку не се оствари тоа, што пак се гледа како мала веројатност, изгледа дека Турција и опозиционерите ќе започнат воена операција за протерување на режимските сили надвор од 12-те турски набљудувачки пунктови во подрачјето на Идлиб.

Чекорите коишто освен режимот ги фрла и Русија во последно време на теренот во Сирија, им наштетуваат на националните интереси на Турција. Дојде времето Русија да ја разбере вредноста на Турција како сојузник. Тоа се смета за неопходно од аспект на зголемувањето на трошоците на Турција за воено решение, сфаќањето на значењето на мирот и од аспект на сфаќањето на сето тоа и од страна на Русија. 

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА



Слични вести