Досие анализа на неделата: Кризата во сириски Идлиб

Дали по нападот на сирискиот режим врз турските војници на 3 февруари ќе може да е премине кон една нова фаза во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија?

Досие анализа на неделата: Кризата во сириски Идлиб

Подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, долго време како е едниот од најжестоките фронтови на сириската криза. И покрај постигнатиот договор помеѓу Анкара и Москва во септември 2018 година во Сочи, Русија и Асадовиот режим поставувајќи ги на мета опозиционерите и цивилите во Идлиб, продолжуваат да напредуваат.

Целта на режимот беше дизајнирана целосно да ги приклешти опозиционерите во Идлиб, да ги ослаби воено и на тој начин да ја прогласи својата воена победа во граѓанската војна во Сирија. Како единствена препрека пред оваа цел пак, се гледаше Турција. Впрочем режимот, вознемирувајќи ја Турција во набљудувачките пунктови јужно од Идлиб, следеше стратегија во правец на кршење на отпорот на Анкара. Заклучно со 3 февруари пак, сирискиот режим своите напади во подрачјето на Идлиб ги пренесе во една нова фаза и поставувајќи ги директно на мета турските војници, стана причина да загинат 8 лица. Оваа состојба укажува на една нова фаза во кризата во Идлиб.

Всушност ова и не претставува изненадување за оние кои ги следат одблизу случувањата во Идлиб. Долго време како Русија и сирискиот режим чекор по чекор ги ставија во примена своите стратегии по прашањето со Идлиб. Станува збор за безброј поголеми и помали причини коишто станаа повод за ставање во примена на оваа стратегија.  Првата од нив е таа што опозиционите елементи во Идлиб беа неуспешни да формираат единство меѓусебе. Впрочем оваа состојба стана причина радикалните групи како што е Хејет Тахрир Шам да се стекнат со надвласт на теренот. Втората причина пак, беа чекорите кои што ги фрли Русија во правец на зголемување на капацитетот на војување на режимот. Воените функционери во Русија, ѝ го поддржаа режимот воено, ѝ го научија како ќе војува против нерегуларните групи. Секако како додаток на сето тоа, стратегијата на воена офанзива на Русија беше крајно вознемирувачка. Руските воздушни напади го прифатија моделот Грозни. Според тоа, најпрвин се бомбардираат градовите и се дехуманизираат, а потоа градот се доведува во крајно лоша мера да не може да се живее во него, а со цел негово целосно исчистување од опозиционите групи. Третата причина пак, е тоа што регионалната конјуктура им обезбеди послободна средина на Русија и на сирискиот режим. Режимот, индиферентноста кон сириската криза во регионални димензии ја согледа како прилика и стапи во акција за целосно земање под контрола на Идлиб.

Добро, дали по 3 февруари ќе може да е премине кон една нова фаза во Идлиб?

Одговорот на ова прашање навистина е значаен и во себе ги содржи елементите коишто ќе влијаат на иднината на кризата. Во оваа точка, доста е значајно како ќе делува Турција во иднина.  Идлиб не претставува само безбедносно прашање за Турција. Новиот бегалски бран којшто би пристигнал од Идлиб би можела да ја вовлече Турција во уште потешка состојба. Впрочем, според претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, кон границата на Турција се движат приближно 1 милион бегалци. Затоа, за спречување на бегалците да се движат кон нејзината граница, Турција мора да ја преразгледа наново актуелната состојба којашто е создадена во Идлиб.

Меѓу алтернативите на Турција постојат две опции. Првата е за спречување на продлабочувањето уште повеќе на актуелната состојба да изгради воена позиција за одвраќање против режимот. Впрочем, по нападот на сирискиот режим во кој загинаа турски војници, според министерот за национална одбрана на Турција Хулуси Акар беше даден воен одговор против режимот и во овој одговор на Турција беа неутрализирани 70 војници на режимот. Меѓутоа, оваа опција не може да биде одржлива и би можела длабоко да ги потресе односите помеѓу Турција и Русија. Втората опција пак, е преку актуелната состојба да се постигне нов договор за Идлиб помеѓу Турција и Русија. Ниту Русија, ниту Турција посакуваат да дојде до влошување на меѓусебните односи. И двата актери се свесни за тоа дека тоа наместо полза ќе доведе до загуба. Затоа, кризата во Идлиб е во својство на тест од аспект на односите помеѓу двете земји.

Хуманитарната страна на кризата во Идлиб пак, повторно го запоседна дневниот ред на меѓународната заедница. Европа се интересира само со бегалската страна на кризата и се држи и однесува далеку од соодветен приод којшто навистина ќе ја олесни работата на Турција и ќе премине пред човечката т.ј. хуманитарната драма. САД пак, по прашањето на Идлиб даваат само политички изјави со поддршка на Турција. Од друга страна, вистинските оштетени на кризата се цивилите, т.ј. децата, жените и старите. Доколку се продлабочи кризата во Идлиб цената за тоа ќе биде многу висока и тоа не само за Турција, туку и за Европа. Затоа, Идлиб не треба да се оценува само како прашање на Турција, и за решение треба да се застане покрај Турција.

Коментар на доцент д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА



Слични вести